1 1 Мојс 37,34; 4 Цар 19,1-7; Ер 36,24 Штом го чу тоа царот Езекија, ја раскина својата облека и се покри со вреќиште, па отиде во домот Господов;
24 Цар 22,11-14ги повика началникот на дворецот Елијаким, и писарот Севна, и старешините на свештениците, покриени со вреќишта кај пророкот Исаија, син Амоцов.
322,5; 26,18; 33,18; Ос 13,13И тие му рекоа: „Вака вели Езекија: овој ден е ден на жалост, казна и срам, зашто новороденчињата дојдоа до отворот на мајчината утроба, но сила нема за раѓање.
44,3; 36,18-20; 1 Цар 7,8; Ер 42,2Можеби, Господ, твојот Бог, ќе ги чуе зборовите на Рапсак, кого асирскиот цар, негов господар, го прати да Го навредува живиот Бог и да се подбива со зборовите, кои ги чу Господ, твојот Бог; затоа принеси молитва за оние, што се уште живи.“
5И отидоа слугите на царот Езекија при Исаија.
67,4; 10,24; 41,10-14; 51,7И им рече Исаија: „Вака кажете му на вашиот господар: вака вели Господ: не плаши се од зборовите што ги чу, со кои Ме навредуваат слугите на асирскиот цар.
731,8; 4 Цар 19,37Ете, Јас ќе испратам во него дух, и тој ќе чуе вест и ќе се врати во земјата своја, и Јас ќе го погубам со меч во неговата земја.“
84 Цар 19,8-9Тогаш Рапсак се врати и најде дека асирскиот цар војува против Ливна; зашто беше чул дека господарот негов се повлекол од Лакиш.
936,6; 4 Цар 19,9-19И тој чу за Тирхака, царот етиопски; нему му беа рекле: ете, тој излезе да војува со тебе. Кога го чу тоа, тој испрати гласници кај Езекија, велејќи:
1036,15„Вака кажете му на Езекија, царот јудејски: нека не те мами твојот Бог, на Кого се надеваш, велејќи: Ерусалим нема да биде предаден во рацете на царот асирски.
1136,20Ете, ти си чул што направија асирските цареви со сите земји, ставајќи врз нив клетва; та ти ли ќе се избавиш?
1210,9-11; 4 Цар 19,12Боговите на народите, кои татковците мои ги разорија, ги спасија ли, го спасија ли Гозан и Харан, Рецеф и синовите на Еден, што се во Таласар?
1336,19Каде е царот хаматски, и царот арпадски, и царот на Лаир, Сефарваим, Хена и Ива?“
Молитвата на Езекија(4 Цар 19,14-19)14И го зеде Езекија писмото од рацете на пратениците и го прочита, па отиде Езекија во домот Господов и го отвори пред лицето Господово;
15потоа се помоли Езекија пред лицето на Господ и рече:
161 Цар 4,4; 4 Цар 19,15; Ер 32,17; Пс 17,10„Господи Саваоте, Боже Израилев, Кој седиш на херувими! Ти единствен си Бог на сите земни царства: Ти си ги создал небото и земјата.
174 Цар 19,16; Дан 9,18-19Приклони го, Господи, увото Свое и чуј; отвори ги, Господи, очите Свои и погледај, чуј ги зборовите на Сенахирим, кој испрати да хулат на Тебе, живиот Бог.
18Навистина, Господи, асирските цареви ги опустошија сите краишта и земјите нивни.
195 Мојс 4,28Тие ги изнафрлаа во оган боговите нивни; но тоа не беа богови, туку изработки од човечки раце, дрво и камен, затоа и ги уништија.
204 Цар 19,19И сега, Господи, Боже наш, спаси нѐ од раката негова: тогаш ќе дознаат сите земни царства дека Ти, Господи, си единствен Бог.“
Божјиот одговор за Езекија(4 Цар 19,20-34)21 38,5; 4 Цар 19,20-28 И испрати Исаија, синот на Амоц, до Езекија да кажат: вака вели Господ, Бог Израилев: „За она што ти Ми се молеше против Сенахирим, царот асирски, –
22Пс 21,7; Јов 16,4еве го словото што Господ го изрече за него: ќе те презре, ќе ти се потсмее девицата, ќерката Сионова, ќе ја заниша главата по тебе ќерката ерусалимска.
231,4; 10,12Кого ти прекоруваше и навредуваше? Против кого го подигна гласот и ги крена толку високо очите свои? Против Светецот Израилев.
242,13; 29,17; 33,9; 35,2Преку слугите свои ти Го прекоруваше Господа, велејќи: ‚Со множеството мои коли се искачив на врвот од планините, врз ребрата на Ливан, ги исеков високите негови кедри, убавите негови кипариси, и стигнав до самиот врв негов, и до горичката негова;
2510,13-14; 19,6и ископав и пиев вода; и со стапките на нозете свои ги исушив сите реки египетски.‘
2622,11Зар не си чул дека Јас одамна го направив тоа, во стари дни го преднацртав, а сега го исполнив со тоа, што ти ги опустошуваш силните градови, претворајќи ги во купишта урнатини?
2733,8-9; Пс 128,6Жителите нивни изнемоштеа; треперат и остануваат во срам; станале како трева по полето и нежно тревно растение, како тревки по покривите, свенати уште пред да пораснат.
28Пс 138,2Ќе седнеш ли, ќе излезеш ли, или ќе влезеш – Јас знам сѐ, ја знам и дрскоста твоја против Мене.
2930,28; Ез 38,4За твојата дрскост против Мене и за тоа дека твојата надуеност дојде до ушите Мои, ќе ја ставам алката Своја во ноздрите твои и уздата Своја – во устата твоја; ќе те вратам назад по истиот пат, по кој си дошол.
304 Цар 19,29-31И еве ти знак, Езекија: јадете го оваа година израснатото од паднатото зрно, а во другата година – самоизраснатото; на третата, пак, година, сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги плодовите нивни.
314,3; 11,1; Пс 79,9Зашто преживеаните во домот Јудин, тие што ќе останат, пак ќе пуштат корен долу и ќе дадат плод горе,
329,6; 10,21зашто од Ерусалим ќе произлезе остатокот, и од градот Сион – спасението. Тоа ќе го изврши ревноста на Господ Саваот.“
3333,20; 4 Цар 19,32-34Поради тоа, вака вели Господ за асирскиот цар: „Нема да влезе тој во овој град, ниту ќе фрли таму стрела, и нема да се доближи до него со штит, ниту ќе ископа опкоп околу него;
34по кој пат дошол, по истиот и ќе се врати, но во тој град нема да влезе, вели Господ.
3530,19; 31,5; Пс 45,4; 48,9Јас ќе го бранам овој град, за да го спасам поради Себе и поради Мојот слуга Давид.“
Смртта на царот Сенахирим(4 Цар 19,35-37)36 29,7-8; 4 Цар 19,35-37; Сир 48,21 Тогаш излезе ангел Господов и погуби во асирскиот логор сто осумдесет и пет илјади души. Утредента станаа, и, ете, насекаде имаше само мртви тела.
3714,9-10И отстапи Сенахирим, царот асирски, та си отиде, се врати и живееше во Ниневија.
38Тов 1,21И кога се поклонуваше во домот на својот бог Нисрох, синовите негови Адрамелех и Шарецер го убија со меч, а самите избегаа во Араратската земја. И место него стана цар синот негов Асар-Хадон.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.