Римјаните 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Бог не го отфрла Израил

1 1 Цар 12,22; Пс 93,14 2 Кор 11,21; Фил 3,5-7 И затоа, ви велам: Зар Бог го отфрли Својот народ? Никако! Зашто и јас сум Израилец, од семето Авраамово, од коленото Венијаминово.

21 Цар 12,22; Пс 93,14Бог не го отфрли Својот народ, кој однапред го одбра. Или, пак, не знаете што кажува Писмото за Илија, како тој Му се пожали на Бог Израилев, ве­леј­ќи:

31 Цар 19,10.14„Господи, ги убија пророците Твои и ги раскопаа жртвениците Твои; јас ос­танав сам, и сакаат да ми ја земат ду­ша­та.“

41 Цар 19,18А како му вели Божјиот одговор: „Си оставив седум илјади мажи, кои не ги свиткаа колената пред Ваал.“

59,27; Ис 4,2Така и во сегашно време има еден остаток избран по благодат.

6Гал 3,18Но, ако е по благодат, не е веќе по дела, зашто тогаш благодатта не би била благодат. Ако, пак, е по дела, тоа веќе не е благодат; зашто инаку делото не би било веќе дело.

7И што тогаш? Израил не го доби она што го бараше; избраните, пак, го добија, а другите се закоравија,

85 Мојс 29,4; Ис 29,10; Мт 13,13-14како што е напишано: „Бог им даде дух што не чувствува: очи да не гледаат и уши да не слушаат, сѐ до денешниов ден.“

9Пс 34,8; Пс 68,22-23И Давид вели: „Трпезата нивна да им биде стапица, клопка, соблазна и от­плата;

10да им се замрачат очите нивни за да не гледаат, и грбот нивни да им се свитка засекогаш.“

1110,19; Мт 21,43; Дела 13,5Ви велам пак: зар се сопнаа за да паднат? Не! Но со нивниот престап дојде спасението за незнабошците, за да се возбуди во нив ревност.

12Мт 8,11-12; 21,43Ако, пак, нивниот престап значи богатство за светот, и нивниот намален број – богатство за незнабошците, колку повеќе ќе значи нивната потполност.

13 Дела 9,15 Вам, незнабошци, ви велам; до колку сум јас апостол на незнабошците, ја прославувам својата служба,

1410,19; 1 Кор 9,22та некако да возбудам ревност во својот род по тело, и некого од нив да спасам.

15Лк 15,24.32; 2 Кор 5,17-21Зашто, ако нивното отфрлање зна­чи измирување за светот, тогаш што ли друго ќе значи нивното примање, ако не оживување од мртвите?

164 Мојс 15,19-21; 5 Мојс 15,19; Ез 44,30; Неем 10,36Ако првиот дел од тестото е свет, тогаш свето е и целото тесто: и ако е коренот свет, свети се и гранките.

17Ефес 2,11-12Ако, пак, некои од гранките се скршени, а ти, кој си дива маслинка, си бил прикалемен на нивното место и си станал заедно со нив соучесник во соч­ниот корен на маслинката,

183,27; 1 Кор 1,31не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да зна­еш дека ти не го држиш коренот, туку коренот тебе!

19Но ти тогаш ќе кажеш: гранките беа откршени за да бидам јас прикалемен.

202 Кор 1,24Добро. Тие поради неверие беа откршени, а ти поради вера се држиш: немој да бидеш горделив, туку имај страв.

21Лк 23,31Зашто, ако Бог не ги поштедил при­родните гранки, нема ни тебе да те поштеди.

22Јн 15,2.4; Евр 3,14Гледај ја, пак, Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако издржиш во бла­госта; во спротивно, и ти ќе бидеш от­сечен.

23Но, тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, зашто Бог има моќ пак да ги прикалеми.

24Зашто, ако си ти откинат од мас­линка која е по природа дива, и против природата си прикалемен на питома ма­слинка, тогаш колку полесно ќе би­дат прикалемени на својата маслинка оние кои по природа потекнуваат од неа.

Израил не е засекогаш отфрлен

25 12,16; Изреки 3,7; Лк 21,24 Сакам, браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, да ја знаете оваа тајна: дека закоравувањето само со еден дел падна врз Израил, додека да нас­тапи потполноста на незнабошците.

26Ис 59,20-21

Мт 23,39И така целиот Израил ќе биде спасен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков.

27Ис 27,9; Ер 31,33-34И тоа им е ним завет од Мене кога ќе ги одземам нивните гревови.“

285 Мојс 4,37Со оглед на Евангелието, тие се не­пријатели Божји поради вас; но со оглед на изборот, тие се возљубени од Бога за­ради татковците,

294 Мојс 23,19; 1 Цар 15,29зашто даровите и повикот Божји се неотповикливи.

303,26Како што и вие некогаш бевте непослушни кон Бога, а сега се здобивте со милост, поради нивната непос­луш­ност,

3111,11така и тие сега станаа непослушни, поради вашето помилување, та и самите да се здобијат со милост.

32Ез 18,23; Гал 3,22Зашто Бог ги затвори сите со непослушност, па кон сите да покаже милост.

33 Пс 138,6.17-18; Кол 2,3 О, длабочино на богатство, мудрост и знаење Божјо! Колку се несфатливи Неговите судови и неистражливи Неговите патишта!

34Ис 40,13; Ер 23,18; 1 Кор 2,16Зашто, кој ја познал мислата на Господ? Или, кој Му бил советник?

35Јов 41,3Или, кој однапред Му дал нешто за да му биде отплатено?

3616,24; 1 Кор 8,6; Кол 1,16-17; Евр 2,10Зашто, сѐ е од Него, според Него и за Него. Нему слава во вечни векови. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help