Судии 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Израил се вселува во Ханан

1 со Јудините синови во Јуди­ната пустина, која е на југ од Арад. И дојдоа и се населија меѓу народот.

17Потоа тргна Јуда со својот брат Си­меон и ги совладаа Хананците, кои живееја во Цефат, го проколнаа градот со проклетство и го нарекоа тој град Хорма.

18Јуда исто така ги презеде Газа со нејзината околина, Ашкелон и неговата околина, и Екрон и неговата околина (и Азот со неговата околина),

19Ис.Н. 17,16Господ беше со Јуда, и тој ја доби во наследство планината; но не можеше да ги истера жителите на долината, бидејќи тие имаа железни двоколки.

204 Мојс 14,24; Ис.Н. 14,12-13А на Халев му го предадоа Хеврон, како што беше рекол Мојсеј, (и таму тој ги доби во наследство трите града) и ги истера оттаму трите сина на Анак.

21Но Венијаминовите синови не ги истераа Јевусијците, кои живееја во Ерусалим; Јевусијците живеат со по­томците на Венијамин во Ерусалим и до ден-денес.

221 Мојс 28,17-19; Ис.Н. 18,13И синовите Јосифови исто така тргнаа против Ветил, и Господ беше со нив.

23(И се задржаа) Јосифовите синови го разгледаа Ветил, а порано градот се нарекуваше Луз.

24И стражарите видоа еден човек, кој доаѓаше од градот (го фатија) и му рекоа: „Покажи ни го влезот во градот, и ќе покажеме милост кон тебе.“

25Ис.Н. 6,20Тој им го покажа влезот во градот, и тие го совладаа градот со сечилото на мечот, а тој човек и сите негови роднини ги пуштија.

26Тој човек отиде во земјата на Хи­тијците и изгради таму град и го нарече со името Луз. Тоа му е името и до ден-денес.

27Ис.Н. 17,11И Манасија не ги избрка жителите на Бет-Шан (кој е град на Скитите) и неговите села, ниту жителите на Таа­нах и неговите села, ниту жителите на Дор и неговите села, ниту жителите на Јивлеам и неговите села, ниту пак на Мегидо и неговите села. Но, Хананците и понатаму останаа да живеат во оваа земја.

28Ис.Н. 17,13Кога Израил стана силен, им на­метна данок на Хананците, но не ги избрка.

29Ис.Н. 16,10И Ефрем не ги истера Хананците кои живееја во Гезер; и Хананците жи­вееја меѓу нив во Гезер (и им плаќаа данок).

30Ис.Н. 19,10И Завулон не ги избрка жителите на Китрон, ниту жителите на Нахалол, и Хананците живееја меѓу нив и им плаќаа данок.

31Ис.Н. 19,24И Асир не ги избрка жителите на Ако, (кои му плаќаа данок, ниту жи­телите на Дор) и ниту жителите на Сидон и Ахлав, ниту од Ахзив, Хелба, Афик ниту, пак, од Рехов.

32Се насели Асир меѓу Хананците, жителите на таа земја, бидејќи не мо­жеше да ги избрка.

33Ис.Н. 19,32И Нефталим не ги избрка жите­лите на Ветсамис како ни жителите на Бет-Анат и живееше меѓу Хананците, жителите на таа земја; а жителите на Ветсамис и на Бет-Анат беа негови поданици.

34Ис.Н. 19,47-48Аморејците ги потиснаа синовите Данови во горите, бидејќи не им даваа да слезат во долината.

35И Аморејците останаа да живеат во Хар-Херес, во Ајалон и Шаалевим; но раката на Јосифовиот дом ги присили (Аморејците) и тие им станаа поданици.

36Пределите на Аморејците се протегаа од угорнината Акравим, од Карпата сѐ угоре.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help