Јов 31 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Крај на Јововиот говор: тврди дека не е виновен ниту пред Бога, ниту пред луѓето

1 Сир 42,9-14 „Завет направив со очите свои, за да не погледнам на девица.

227,13Но каков дел би имал од Бога одозгора? И какво наследство ми испратил Седржителот од небесата?

3Нели е за нечесниот погибелта? Не­ли е за злочинецот злото?

426,6Не ги виде ли Тој патиштата мои и не ги брои ли сите мои чекори?

527,6Ако одев во суета, и ако ногата моја брзаше кон лукавство;

6Пс 7,8; 17,2; Изреки 16,2; 21,2нека ме измерат со мерката на прав­да­та, и Бог ќе ја дознае мојата непо­роч­ност.

7Ако стапките мои се отстранувале од патот, ако срцето мое ги следело очите мои, и ако нешто нечисто се за­ле­пило за рацете мои,

83 Мојс 26,16јас нека сејам, а друг да јаде, и по­томците мои искоренети да бидат.

9Изреки 6,25Ако срцето мое се занесувало од же­на и ако сум демнел крај вратата на ближниот свој;

10жената моја нека му меле на друг, и со друг нека ја дели постелата своја,

115 Мојс 22,22; Изреки 6,32зашто тоа е престап, тоа е беззако­ние, кое подлежи на суд;

12Изреки 6,27тоа е оган што гори до истребува­ње, што би го уништил целиот мој имот.

132 Мојс 21,2-3; 3 Мојс 25,39-43Ако не водев грижа за правата на слугата и на слугинката, кога имаа спор со мене,

14што ќе правев, ако се кренеше Бог? И ако ме испитуваше, што ќе можев да Му одговорам?

15Изреки 17,5; 22,2Нели Тој, Кој ме создал мене во утробата, го создал и него и еднакво нѐ обликувал во утробата?

16Ис 58,7Сум ја одбил ли молбата на оној што имал потреба, и сум ги просолзувал ли очите на вдовица?

17Тов 4,7-11Сам ли го јадев залакот свој, и не ја­деше ли и сиракот од него?

1829,16Зашто од детството растел тој со мене како со татко, и секогаш сум му помагал на сиромашниот.

19Тов 4,17Ако видев некој дека загинува без облека и сиромав без покрив, –

205 Мојс 24,13бедрата негови нели ме благословуваа и тој нели беше стоплен со волната од овците мои?

21Пс 81,3Ако сум кренал рака врз сирак, ко­га ќе видев дека имам потпора пред портите,

22рамото мое нека се оддели од грбот и раката моја нека се откине од лактот,

23Пс 118,120зашто казната од Бога е страшна за мене: пред Неговото величие јас не би можел да опстанам.

24Пс 48,6; 51,9; Мт 6,24Сум го земал ли златото за моја потпора и сум велел ли на ризницата: ‚ти си моја надеж?‘

25Изреки 11,28; Сир 31,5-10Сум се радувал ли дека богатството ми беше големо и дека раката моја спе­чалила многу?

265 Мојс 4,19; 17,3Гледајќи го сонцето како свети и месечината како величествено оди,

27Ер 8,2; Ез 8,16; Мудр 13,2се занесував ли во длабочините на срцето свое и ја бакнував ли со уста ра­ката своја?

28Тоа ќе беше исто така престап за суд, зашто тогаш би се откажал од Бога Севишниот.

29Изреки 24,17; Мт 5,44Се радував ли за неволјата на не­пријателот мој и се веселев ли кога го снаоѓаше зло?

30Не ѝ дозволував на устата моја да греши со проколнување на душата не­гова.

31Ис 58,10Не велеа ли луѓето од мојот шатор: ‚О, кој не се наситувал од неговите мес­ни гозби?‘

32Туѓинец не ноќеваше на улица; вра­тата своја ја отворав на патникот.

33Изреки 28,13Да ги криев грешките свои како многу луѓе и да ги таев во градите сво­ите престапи,

34Изреки 29,25ќе се плашев од големото мноштво, и од сонародниците свои ќе имав страв, па затоа ќе молчев и не ќе излегував надвор од вратата своја.

3513,17.22; 19,23О, да имаше кој да ме ислуша! Еве ја мојата желба: Седржителот да ми од­говори, а заштитникот мој да состави запис за тоа;

3613,18ќе го носев на рамениците мои и ќе се украсував со него како со венец;

37ќе му го соопштев бројот на чеко­ри­те свои, ќе се приближев до него како кнез.

38Авак 2,11Ако нивите мои викаа против мене, ако браздите нивни се поплакуваа од мене,

39Ер 22,13ако сум им ги јадел плодовите нив­ни бесплатно и сум ја измачувал душата на земјоделците,

401 Мојс 3,18тогаш место жито нека расте трње и место јачмен – какол.“ Зборовите Јо­вови свршија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help