1О, да беше ги раскинал Ти небесата и да беше слегол! Горите би се стопиле од лицето Твое!
210,16-17; Пс 17,7; 50,3Како оган што растопува восок, како од оган што вода зоврива, така ќе го познаат името Твое непријателите и од Твоето лице ќе затреперат народите.
3Кога вршеше страшни дела, од нас неочекувани, и слегуваше, – гори се топеа од Твоето лице.
430,18; 45,5; 5 Мојс 4,32-33; Пс 9,10; 1 Кор 2,9Зашто од века не се чуло, до уво не допрело, и никое око не беше видело друг бог, освен Тебе, Кој направил толку многу за оние, кои на Него се надеваат.
5Ер 6,16; Мих 7,9; Плач 3,42; Варух 1,13Ти милостиво го пресретнуваше секого, кој се радуваше и кој вршеше правда, кој Те спомнуваше на Твоите патишта. Но, ете, Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме; па како тогаш ќе бидеме спасени?
61,30; 40,7-8; 3 Мојс 15,19-24; Ез 36,17Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда – како извалкана облека; сите попаѓавме како лист; а беззаконијата наши како ветар нѐ однесуваат.
754,8; 57,17; 59,2; Ос 7,7; Јов 13,24Нема никој кој би го повикувал Твоето име, кој би установил да се држат здраво за Тебе: затоа Ти го сокри лицето Свое од нас и нѐ остави да гинеме од беззаконијата свои.
829,16.23; 43,1.21; 1 Мојс 2,7; 5 Мојс 32,6; Ер 18,6; Пс 102,13-14; Јов 10,9; Ефес 2,10Но сега, Господи, Ти си наш Татко; ние сме глина, а Ти – наш грнчар, сите сме дело на Твоите раце.
9Пс 24,7Немој да се гневиш безмерно, Господи, и немој вечно да го помниш беззаконието. Но, погледај: сите сме Твој народ.
10Градовите на Твојата светиња станаа пустелија; пустина стана Сион; Ерусалим е опустошен.
11Ер 52,13; Пс 73,7; Плач 1,10; 2 Лет 36,19Домот на нашата светиња и на нашата слава, каде што татковците наши Те прославуваа, од оган изгоре, а сите наши добра така пропаднаа.
12Зах 1,12; Пс 82,1По сево ова, ќе се воздржуваш ли уште, Господи, ќе молчиш ли и ќе нѐ казнуваш ли без мерка?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
