Мудрост Соломонова 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 2 Мојс 15–17 5 Мојс 18,15-18; 34,10; Ос 12,13 Таа ги среди нивните работи преку раката на светиот пророк;

2Минуваа низ ненаселена пустина, во непреодни места шатори поставија;

3им се противставија на неприја­те­ли­те, на своите противници им се одмаз­дија.

Жедта на Израилците и жедта на Египќаните

4 4 Мојс 20,2-13 А кога се измачуваа од жед, тие по­викаа кон Тебе и вода им беше дадена од стрмна карпа и гаснење на жедта – од тврд камен.

5Зашто, она со што беа казнети нив­ните непријатели,

62 Мојс 7,17-21со тоа, кога им беше потребно ним им беше направено добрина:

72 Мојс 1,15-16; 17,3-6место извор од вода што вечно извира, разматена со крв што смрди,

8заради изобличување на нивната за­повед за чедоморство, Ти ненадејно им даде вода во изобилство;

95 Мојс 8,2-5тогаш преку жедта им покажа како ги беше казнил нивните непријатели.

105 Мојс 8,5Зашто кога беа на испитување, ма­кар и да беа подложени на милостивно вразумување, тогаш познаа како се из­мачуваа осудените во гнев безбожници;

11зашто нив Ти ги испитуваше како татко, поучувајќи ги, а оние, како раз­гневен цар ги осуди и ги измачи.

12И тие што не беа таму и оние што беа – еднакво пострадаа.

13Нив ги постигна двојна мака и воздивнувања од споменот на минатото.

142 Мојс 2,11; 2,3А кога слушнаа дека она што беше за нив казна, ним му се даде тоа како дар, тогаш тие Го почувствуваа Гос­по­да.

152 Мојс 7–11

12,24-25; Рим 1,21Од Кого порано, како од отфрлен, се одрекоа со хули, по настаните Му се восхитуваа, откако ја претрпеа нееднак­вата жед со праведните.

Одмерена казна за Египќаните

16А за неразумните помисли на нивната неправда, според кои во заблуда им служеа на неразумни влекачи и през­ре­ни чудовишта, Ти, за да ги казниш, им испрати мноштво животни неразумни,

17за да познаат дека со што некој гре­ши – со тоа и се казнува.

18Јов 41,10-13; Откр 9,17Не беше невозможно за Твојата се­силна рака, која го создаде светот од не­вообличена граѓа, да испрати против нив множество мечки и свирепи лавови,

19или непознати новосоздадени лути ѕверови, кои дишат со огнен здив, или исфрлаат облаци дим или фрлаат страшни искри од очите,

20Ис 11,4; 40,12; Јов 4,9; 28,25ѕверови страшни, кои не само што би можеле на ужасен начин да ги по­вредат, туку и страшно да ги погубат.

21А и без сето тоа, тие може да загинат само со еден здив, гонети од Твоето правосудие и уништени од духот на Твојата сила; но Ти сѐ си уредил со број, мерка и тежина.

Бог милува сѐ што создал

22 Ис 40,15; Ос 6,4; 13,3 Бидејќи Ти имаш секогаш голема сила, кој може да се дигне против силата на Твојата рака?

23Сир 18,20; Рим 2,4; 3,25Целиот свет е пред Тебе како пра­шинка врз терезија или како капка ут­ринска роса, што паѓа на земјата.

241 Мојс 1,31; Пс 144,9Ти си милостив кон сите, зашто сѐ можеш; гледаш низ прсти на човечките гревови за да се покајат.

25Зашто Ти милуваш сѐ што постои и не се гнасиш од ништо што си го создал; не си сакал да создадеш нешто што би го мразел.

26Ез 18,23; 33,11И како можеше нешто да постои, ако Ти не го сакаше? Или како би се со­чувало она што не е повикано од Тебе?

27Но Ти сѐ поштедуваш, зашто сѐ е Твое. Ти, Господаре, што го сакаш жи­вотот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help