1Молитвата на пророкот Авакум – за пеење.
25 Мојс 2,25; Ис 51,9; 54,8; Пс 8,1.9; 76,2Господи, чув за славата Твоја и се восхитувам на делото Твое. Повтори го во нашето време! Разгласи го во нашите дни! Во гневот Свој сети се на милост.
34 Мојс 14,21; 5 Мојс 33,2; Суд 5,4; Пс 71,19Бог дојде од Теман и Светецот од гората Фаран. Величието Негово ги покри небесата, и славата Негова ја исполни земјата.
4Ис 62,1Болскотот Му е како сончева светлина, а од рацете Негови зрачи, и тука е скривалиштето на Неговата сила.
5Откр 6,8Пред лицето Негово врви чума, а по стапките Негови – грозница!
62 Мојс 15,14-16; Ис 42,15; Наум 1,5; Пс 103,32Тој стана и земјата се затресе; погледа – и во трепет ги доведе народите; одамнешни планини се распаднаа, првобитните ридови се урнаа; но патиштата Негови се вечни.
7Натажени ги видов шаторите етиопски; се стресоа сениците на земјата мидјанска.
85 Мојс 33,26; Пс 67,33Зар против реките, Господи, пламнал гневот Твој? Зар против реките е Твоето негодување, или, пак, против морето е јароста Твоја – па си седнал на коњите Свои, на победничките бојни коли?
9Ез 5,16; Плач 2,4Ти го извади лакот Свој и со отровни стрели го затегна. Со реки ја сечеш земјата.
10Кога Те видоа, планините затреперија, водите навалија; бездната го пушти гласот свој и сонцето ги крена рацете свои.
11Ис.Н. 10,13Месечината застана на своето место пред болскотот на вперените стрели Твои, пред светкањето на сјајните копја Твои.
12Во гнев одиш по земјата и во јарост ги газиш народите.
132,9-11; Пс 27,8Ти излегуваш за спасение на народот Твој, за спасение на помазаникот Свој. Ти ја поразуваш главата на нечестивиот дом, оголувајќи го од темелите до врвот.
14Пс 9,27-29; 17,12Со копјата нивни Ти го прободе водачот нивни, кога како виор се спуштија да ме разбијат, радосни, зашто мислеа дека скришум ќе го проголтаат сиромавиот.
15Ис 43,16-17; Пс 76,19Газиш по морето со коњите Свои, преку длабините на големите води.
Односот на Авакум кон Божјата порака16 Ер 4,19; Јов 7,5; Дан 8,18.27 Јас чув и внатрешноста моја затрепери, при гласот Твој затреперија и усните мои, болка почувствував во коските мои, и местото под мене трепери; ќе се успокојам кога ќе дојде несреќниот ден врз народот што нѐ угнетува.
Вера и во зло време17 Ер 5,17; Ос 9,2 Макар и да не процути смоквата, а и да нема плод по лозите, макар маслината и да откаже, и нивата да не даде плод, макар и овците да не останат во трлото, па и рогат добиток во оборите да нема,
18Ис 61,10; Пс 34,9; Лк 1,47јас и тогаш ќе се радувам во Господ и ќе се веселам во Бога на моето спасение.
195 Мојс 32,13; Ис 58,14; Пс 17,33Господ Бог е мојата сила: Тој ќе ги направи нозете мои како на елен и ќе ме поведе по височините мои. На хороводителот: со жичени инструменти.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.