Амос 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Видение на скакулци

1 5 Мојс 28,38; Јоил 1,4-7; 2,3-9 Вакво видение ми откри Господ Бог: еве, Тој создаде скакулци, кога почна да изникнува доцнежната трева, а тоа беше тревата по царската косидба.

22 Мојс 32,11-13; Ис 37,4И, ете, кога завршија да ја јадат тревата по земјата, реков: Господи Боже, прости, Те молам; како ќе издржи Ја­ков? Тој е многу мал.

3Јона 3,10И Господ се сожали на тоа: „Нема да стане тоа“ – рече Господ.

Видение на оган

4 Ез 20,45–21,3 Вакво видение ми откри Господ Бог: еве, Господ Бог повика оган за суд – и тој проголта голема бездна, проголта и дел од земјата.

5И реков: Господи Боже, запри те мо­лам: „Како ќе издржи Јаков? Па тој е многу мал.“

6И Господ се сожали на тоа: „И тоа нема да се збидне“, рече Господ Бог.

Видение на ѕидарска висулка

7 Плач 2,8 Вакво видение ми откри Господ: еве, Господ стоеше на ѕид и во раката има­ше оловна висулка.

8И ми рече Господ: „Што гледаш, Амосе?“ Јас одговорив: „Висулка.“ И Господ рече: „Еве ќе ставам висулка меѓу Мојот народ израилски; нема по­веќе да му проштевам.

95 Мојс 12,2; 4 Цар 15,8-10Опустошени ќе бидат жртвениците Исакови и разрушени ќе бидат све­ти­лиштата израилски, и ќе се кренам со меч против домот Јеровоамов.“

Амос и Амасија

10 3,14 И Амасија, свештеникот ветилски, порача до израилскиот цар Јеровоам, да му кажат: Амос крева бунт против тебе меѓу домот Израилев; земјата не може да ги трпи зборовите негови,

117,9; 5,27; 6,7; 9,4зашто тој вака вели: од меч ќе умре Јеровоам, а Израил бездруго ќе биде од­веден од земјата своја во ропство.

12И му рече Амасија на Амос: јасно­ви­децу, оди си и насели се во земјата Ју­дина; таму јади леб и таму пророкувај,

132,12; 3 Цар 12,29; Ер 11,21а во Ветил не пророкувај веќе, заш­то тој е светиња царева и е царски храм.

143,3-8Му одговори Амос и му рече на Амасија: јас не сум пророк и не сум син на пророк; бев пастир и собирав диви смокви.

152 Цар 7,8; Пс 77,70-71Но Господ ме зеде од овците и ми рече: оди, пророкувај кај Мојот народ Израил.

162,12А сега ислушај го словото Гос­по­до­во. Ти велиш: не пророкувај против Из­раил и не кажувај зборови против до­мот Исаков.

175 Мојс 28,30-33; 4 Цар 17,24; Ос 9,3; Мих 2,4Затоа, еве, што вели Господ: же­на­та твоја ќе блудствува по градот, си­но­вите твои и ќерките твои ќе паднат од меч, земјата твоја ќе биде разделена со мерно јаже, ти ќе умреш во нечиста земја, а Израил ќе биде одведен од земјата своја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help