1 2,19 Кога умре Аод, Израилевите синови пак почнаа да прават зло пред Господ.
2Ис.Н. 11,1; 1 Цар 12,9; Пс 82,9И Господ ги предаде во рацете на хананскиот цар Јавин, кој царуваше во Асор, и на неговиот војсководач Сисера, кој живееше во Харошет-Гојим.
3И повикаа Израилевите синови кон Господ; зашто Јавин имаше деветстотини железни коли и ги потискаше Израилевите синови дваесет години.
45,1.7.12.15Во тоа време судија во Израил беше пророчицата Девора, жената на Лапидот;
5таа обично седеше под Деворината палма, меѓу Рама и Ветил, во Ефремовата Планина и одеа кај неа Израилевите синови за судење.
65,12; Евр 11,32Девора испрати да го повикаат Варак, синот на Авиноам од Кедес Нефталимов, и му рече: „Зар не ти заповеда Господ, Бог Израилев – оди, собери народ на гората Тавор и земи со себе десет илјади мажи од Нефталимовите синови и од Завулоновите синови;
75,21; Пс 82,9Јас, пак, ќе го доведам кај тебе, кај потокот Кишон, Јавиновиот војсководач Сисера, и колите негови и многуилјадната војска негова, и ќе ти ги предадам во твои раце.“
8Варак ѝ одговори: „Ако дојдеш со мене, ќе одам; ако не дојдеш со мене, нема да одам, (зашто не го знам денот, во кој Господ ќе го испрати ангелот со мене).“
9Таа му рече: „Добро, ќе дојдам со тебе; само знај дека нема да биде славата твоја по патот, по кој ќе одиш; зашто во женска рака ќе го предаде Господ Сисера.“ И Девора стана и тргна со Варак за Кедес.
10А Варак ги повика потомците на Завулон и потомците на Нефталим во Кедес, и по него тргнаа десет илјади души, и Девора појде со него.
111,16Тогаш Кениецот Хевер се оддели од Кенијците, односно потомците на Ховав, шурата на Мојсеј, и го постави шаторот свој кај дабот, близу до Кедес.
12И му јавија на Сисера дека Авиноамовиот син Варак излегол на гората Тавор.
13Сисера ги собра сите коли, деветстотини железни коли, и сиот народ што беше со него, и од Харошет-Гојим замина кај потокот Кишон.
14И Девора му рече на Варак: „Стани, бидејќи денес е денот, во кој Господ ќе го предаде Сисера во рацете твои; Сам Господ ќе тргне пред Тебе.“ И Варак слезе од гората Тавор, и по него – десет илјади мажи.
152 Мојс 14,25Тогаш Господ го доведе во забуна Сисера и сите негови коли и целиот народ негов пред Вараковиот меч, и Сисера слезе од колата своја и избега пеш.
162 Мојс 14,28; Пс 82,9Варак тргна да ги гони неговите коли и народот до Харошет-Гојим и целата војска на Сисера падна од остар меч, та не остана ниеден.
17А Сисера побегна пеш до шаторот на Јаел, жената на Кениецот Хевер, зашто меѓу хацорскиот цар Јавин и домот на Кениецот Хевер имаше мир.
18Тогаш излезе Јаел и му рече на Сисера: „Влези господаре мој, влези кај мене, не плаши се!“ Тој влезе кај неа во шаторот, и таа го покри со наметката своја.
195,25Сисера ѝ рече: „Дај ми малку вода да пијам, жеден сум.“ Таа одврза мев со млеко, му даде да пие и пак го покри.
20Сисера повторно ѝ рече: „Стој пред влезот на шаторот и ако некој дојде и те праша: ‚има ли некој тука?‘ а ти одговори – ‚нема‘.“
215,26Јаел, Хеверовата жена, зеде еден колец од шаторот, зеде и чекан во раката своја, и отиде тивко кај него, та му го заби колецот во слепоочниците негови, така што тој допре до земјата; а тој уморен спиеше, – и умре.
225,27И ете, Варак, трчаше по Сисера. Јаел го пречека и му рече: „Влези, јас ќе ти го покажам човекот што го бараш.“ Тој влезе кај неа, и ете, Сисера лежи мртов, со колецот во слепоочниците негови.
23Пс 46,3; 143,2Така го покори Бог во тој ден хананскиот цар Јавин пред синовите Израилеви.
24Раката на синовите Израилеви се засилуваше сѐ повеќе и повеќе над хананскиот цар Јавин, додека тие најпосле не го уништија.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.