Јов 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Говор на Софар: Јов треба да Му се покори на Бога

1Потоа проговори Софар од Ное­ма и рече:

2„Зар на многу зборови не може да се даде одговор, и зар многузборливиот чо­век е прав? (Благословен да е оној кој од жена е роден малкулетен).

332,15Твоето празнословие ќе ги натера ли луѓето да молчат, за да се потсмевнуваш ти, та да нема кој да те засрами?

4Ти рече: расудувањето ми е правилно, и јас сум чист во Твоите очи.

538,1О, да проговореше Бог, да ја отво­ре­ше устата Своја кон тебе

628,27; Рим 11,33; 1 Кор 2,9.11.16и да ти ги откриеше тајните на муд­роста дека тебе ти се паѓа двојно повеќе да понесеш! И така, знај дека Бог за те­бе предаде на заборав некои од твоите беззаконија.

7Можеш ли во длабочините Божји да проникнеш? Можеш ли да го достиг­неш совршенството на Седржителот?

8Ефес 3,18Тој е повисок од небесата, – што мо­жеш да направиш? Подлабок е од пеко­лот, – што можеш да дознаеш?

9Подолга од земјата е мерката Него­ва и поширока од морето.

109,12Ако се нафрли и затвори некого во око­ви и го изведе на суд, кој ќе Му заб­рани?

11Зашто Тој ги знае оние кои лажат и го гледа беззаконието; ќе го остави ли без да го разгледа?

1239,5-8; 1 Мојс 16,12Но и суетниот човек се опаметува; дивото магаре на узда се покорува.

132 Мојс 9,29Ако го насочиш срцето свое и ги подадеш рацете кон Него,

143 Цар 8,38; Ис 1,15; Пс 87,9ако порокот од раката своја го от­фрлиш и не дозволиш беззаконие да престојува во твоите шатори,

1522,26; Плач 3,41тогаш ќе го кренеш неизвалканото лице свое, ќе бидеш цврст и нема да се плашиш.

162 Цар 14,14Тогаш ќе ја заборавиш тагата: како за истечена вода ќе се сеќаваш на неа.

1717,12; Ис 9,2; 58,8-10Животот твој ќе стане како светол ден; како јасна зора темнината ќе свет­не.

18Во надежта своја ќе бидеш спокоен, ограден, ќе почиваш во мир.

19Ќе легнеш и не ќе има кој да те за­плашува; мнозина ќе ти се умилкуваат.

203,21; 6,9; 7,15А очите на беззакониците ќе згаснат, прибежиштето нивно ќе пропадне, а надежта нивна ќе исчезне.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help