Езекил 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Пророкот како бегалец

1И дојде слово Господово до мене:

22,5-7; Ис 6,9-10; Ер 5,21; Мт 13,14-15; Мк 8,18„Сине човечки, ти живееш среде от­стапнички дом: тие имаат очи да гле­да­ат, а не гледаат, имаат и уши да слу­ша­ат, но не слушаат; затоа што се тие дом отстапнички.

3А ти, сине човечки, приготви си сѐ што е потребно за преселување и сред бел ден пресели се пред очите нивни, пресели се од твоето место во друго место, пред очите нивни; можеби, тие ќе разберат, макар што се дом отстапнички.

4И работите твои изнеси ги како ра­боти потребни за преселување, дење пред очите нивни, и сам излези вечерта пред очите нивни, како тие што излегуваат за преселување.

5Ер 52,7; Амос 4,3Пред очите нивни пробиј си отвор во ѕидот и изнесувај низ него.

6Ис 8,18; 20,3Пред очите нивни земи го товарот свој на рамо, па во приквечерина изнеси го, подзатскриј го лицето свое, за да не ја видиш земјата; затоа што Јас те поставив за знак на домот Израилев.“

7И извршив како што ми беше за­по­ведано; работите нужни за преселување ги изнесов дење, а вечерта прокопав со раката отвор во ѕидот и во темнината го изнесов товарот, и го кренав на рамо пред очите нивни.

8Утредента рано дојде слово Гос­по­дово до мене:

9„Сине човечки, не му кажа ли ти на домот израилски, домот отстапнички – што правиш?“

10Кажи им – вака вели Господ Бог: „Тоа е предвесник за началникот на Ерусалим и за целиот дом израилски, кој е таму.“

11Кажи: „Јас сум знакот за вас; она што го правам јас, тоа ќе биде и со нив, при преселувањето, во ропство ќе отидат тие.

12А началникот, што е меѓу нив, во темнина, носејќи на рамо, ќе излезе. Ѕи­дот ќе го пробијат за да го изнесат низ него; тој ќе го сокрие лицето свое, така што со очите свои нема да ја гледа оваа земја.

13Ер 52,8-11А Јас, ќе ја спрострам врз него Мо­јата мрежа, и тој ќе биде фатен во мојата примка, и ќе го одведам во Вавилон, во земјата халдејска, но тој нема да ја види, и таму ќе умре.

14А сите што се околу него, неговите помошници, и сета војска ќе ја развеам по сите ветрови, и ќе го извадам мечот по нив.

155,10И ќе познаат тие дека Јас сум Гос­под, Оној Кој ги распрсна меѓу народи­те и ги развеа по земјите.

164,16Но еден мал број од нив Јас ќе го запазам од меч, глад и помор, за да им ги раскажуваат на народите, меѓу кои ќе отидат, сите гадотии; и ќе познаат дека Јас сум Господ.“

Пророкот трепери

17И дојде слово Господово до мене:

18„Сине човечки, јади го лебот со тре­пет, и водата пиј ја со треперење и со мака.

19И кажи му на народот од оваа зем­ја: вака вели Господ Бог за жи­те­ли­те на Ерусалим, за земјата израилска; тие ќе го јадат лебот со загриженост и водата ќе ја пијат со трепет, зашто по­ради не­правдата на сите што живеат во неа, земјата ќе биде лишена од секакво изобилие.

20И ќе бидат разорени населените градови, и земјата ќе стане пуста, и ќе познаете дека Јас сум Господ.“

Непријатна порака

21И дојде слово Господово до мене:

2212,27; 2 Птр 3,4„Сине човечки, каква е таа пого­вор­ка кај вас во земјата израилска: ‚Де­но­вите минуваат, а пророчките виденија не се извршуваат!‘“

23Затоа кажи им – вака вели Господ Бог: „Ќе ја уништам таа поговорка, и нема веќе тие да ја употребуваат таа по­говорка во Израил; но, кажи им – бли­ски се деновите и извршувањето на секое пророчко видение.

24Зашто нема веќе да остане попусто ниедно пророчко видение, и ниедно предвестување нема да биде лажно во домот на Израил.

25Зашто Јас, Господ, го зборувам ова: и зборот, кој Јас го кажувам ќе се исполни, и нема да биде одложен; во ваши денови, доме отстапнички, реков збор, и ќе го исполнам“, вели Господ Бог.

26И дојде слово Господово до мене:

2712,22„Сине човечки, ете, домот израилски вели: пророчкото видение, што го виде тој, ќе се изврши по многу денови и тој пророкуваше за далечни времиња.“

28Затоа кажи им: вака вели Господ Бог: „Ниеден Мој збор нема да биде одложен, но зборот, што ќе го кажам Јас, ќе се изврши,“ вели Господ Бог.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help