Јов 41 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 36,5 Ете, надежта е суетна. Нема ли да паднеш само од еден негов поглед?

230,21Нема толку силен кој би се осмелил да го обеспокои; и кој може да опстане пред Моето лице?

331,35; Пс 23,1Кој Ми дал нешто порано, та Јас да му вратам? Под целото небо сѐ е Мое.

4Нема да премолчам за деловите не­гови, за силата негова и телесната структура.

5Кој може да ја симне горната облека негова, кој ќе се приближи до двојните челусти негови?

6Кој може да ја отвори вратата на ли­цето негово? Забите негови наоколу се ужас,

7јаките штитови негови – велико­ле­пие; тие се зацврстени како со тврд печат;

8еден до друг се допираат толку блис­ку, така што и воздух не минува меѓу нив;

9еден до друг стојат збиени, слепени се и не се разделуваат.

10Кога кива, испушта светлина; очите му се како зраци на зората:

11Откр 9,17од устата негова излегуваат пламе­ни јазици, излегуваат огнени искри;

12од ноздрите негови излегува пареа, како од зовриено грне или котел.

13Пс 17,8Здивот негов е разгорен јаглен, а од устата негова излегува пламен.

14Во вратот негов е силата негова, и пред него ужас се шири.

15Месестите делови на телото му се сплотени силно меѓу себе, не мрдаат.

16Срцето му е цврсто како камен, ко­раво како долен воденички камен.

17Кога се подига, јунаци треперат, со­сема се губат од ужас.

18Кој меч ќе се допре до него, не из­држува; не издржува ни копје, ни крат­ко копје, ни стрела.

19Железото за него е како слама, ба­карот – како гнило дрво.

20Удар од стрела нема да го подгони; камењата од праќата во плева се прет­вораат за него.

21Боздоганот за него е како сламка; над пиштењето од копјето тој се смее.

22Под него има остри камења, и тој лежи врз остри камења во калта.

23Ез 32,2Тој прави морската длабочина да врие како котел, морето го претвора во зовриена маст;

24зад себе остава светла трага; без­дната изгледа како бело руно.

25На земјата нема сличен на него: Тој е создаден бестрашен;

26со презир ги гледа и најголемите свои непријатели.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help