Исаија 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Утеха на верните во лошите времиња. Опомена да се верува во живиот Бог

1 .“

24 Цар 16,10-16; 18,2И си зедов верни сведоци: свеш­те­ни­кот Урија и Захарија, синот Јеверикиев,

37,14и легнав со пророчицата, и таа зачна и роди син. И ми рече Господ: дај му име: Махер-Шалал-Хаш-Баз

47,16; 17,1-6; 4 Цар 16,9зашто, пред да се научи детето да из­говара: тате, мамо, – богатството на Да­маск и пленот самарјански ќе бидат однесени од асирскиот цар.

5И продолжуваше да ми зборува Гос­под и рече:

67,1-2; 30,15-16; Јн 9,7„Штом овој народ ги занемарува во­дите на Силоам, кои течат тивко, а се восхитува на Рецин, и на синот Рема­ли­ев,

77,17; Пс 68,1; Откр 12,15Господ ќе ги испрати врз него бурните и големи води на Реката – асир­ски­от цар со сета негова слава;

87,14; 10,28-32; 30,28; 36,1и ќе навлезе во Јудеја, ќе ја поплави и високо ќе се крене – ќе стигне до вратот; и раширените крила нејзини ќе би­дат по целата ширина на Твојата земја, Емануиле!“

9Здружувајте се, народи, но ќе бидете уништени, и внимавајте, вие сите што сте далечни земји! Вооружувајте се, но ќе бидете победени; вооружувајте се, но ќе бидете уништени!

107,14; Изреки 21,30; Рим 8,31Кројте заговори, но тие ќе се ру­шат, говорете збор, но тој нема да се ис­полни, зашто со нас е Бог!

11Ер 20,7; Ез 3,14Зашто вака ми велеше Господ, др­жејќи ја врз мене цврстата рака и опо­менувајќи ме да не одам по патот на тој народ, велејќи:

127,2; 1 Птр 3,14„Не нарекувајте го заговор сето она што тој народ го нарекува заговор; и не плашете се од она, од кое тој се плаши, не стравувајте.

1329,22-23; 1 Птр 3,15Господ Саваот – само Него сметајте Го за свет, и Тој да биде ваш страв и ваш трепет!

14Ез 11,16; Лк 2,34; Рим 9,32-33; 1 Птр 2,7-8; Откр 21,22Тој ќе биде осветување и камен за сопнување и карпа за соблазна на двата дома Израилеви, стапица и мрежа за жителите ерусалимски.

1528,13И мнозина од нив ќе се сопнат и ќе паднат, ќе се разбијат, ќе се заплеткаат во стапицата и ќе бидат уловени.“

Исаија и верните следбеници

16 Дан 12,4 „Врзи го свидетелството и запечати го откровението пред своите ученици.“

17Мих 7,7; Авак 2,3; Пс 12,1И така, јас се надевам на Господ, Кој го сокрил лицето Свое од домот Ја­ковов, на Него се надевам.

187,3; 8,1-3; 1 Мојс 33,5; Пс 131,13; Евр 2,13Ете, јас и децата што ми ги даде Господ, сме како белези и докази во Из­раил од Господ Саваот, Кој живее на гората Сион.

1919,3; 1 Цар 28,3; 4 Цар 1,3И кога ќе ви речат: „Обратете се кон оние, што извикуваат мртовци, и кон маѓесници, кон бајачи и оние што го­ворат од стомак, тогаш одговарајте: не треба ли народот да се обрнува кон својот Бог? Се прашуваат ли мртви за живи?“

20Допрашајте се до законот и откро­вението! Ако некои речат дека не е та­ка, тогаш за нив нема светлина.

212 Мојс 22,28; Изреки 30,9Ќе скитаат тие по земјата, жестоко уг­нетувани и гладни; и во време на гла­дот ќе се лутат, ќе го навредуваат својот цар и својот Бог.

225,30; Мих 3,6И ќе се загледаат угоре, и ќе пог­ле­да­ат кон земјата; и ете – скрб и мрак, густа темнина; и ќе бидат фрлени во темнината.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help