Исус Навин 14 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Поделба на хананската земја

1 11,23; 4 Мојс 26,53 Еве што наследија синовите Израилеви во хананската земја, што им ја раздели свештеникот Елеазар и Исус синот Навинов, и родоначални­ците од племињата на Израилевите синови;

24 Мојс 26,55на деветте племиња и на половината од племето (Манасиево), поделба извр­шија со ждрепка, како што беше запо­ведал Господ преку Мојсеј,

313,14; 4 Мојс 34,14зашто на двете племиња и на по­ло­вина племе (Манасиево) Мојсеј им даде наследство од онаа страна на Јордан; а на левитите не им даде дел меѓу нив,

41 Мојс 41,51-52; 4 Мојс 35,2-3бидејќи од Јосифовите синови про­из­легоа две племиња: Манасиевото и Ефремовото; поради тоа не им се даде на левитите дел од земјата, туку само градови за живеење и предградија за нивниот добиток и за други нивни по­т­реби.

54 Мојс 34,13Како што му беше заповедал Господ на Мојсеј, така и направија синовите Израилеви, кога ја разделуваа земјата.

64 Мојс 13,8; 14,30; 5 Мојс 33,1Јудините синови дојдоа во Гилгал кај Исус. И му рече Халев, синот Јефунеов, од родот на Кеназ: „Ти зна­еш, што му говореше Господ на Мојсеј, човекот Божји, за мене и за тебе во Кадис-Барнеа.

74 Мојс 13,18-27Јас бев на четириесет години, кога Мојсеј, слугата Господов, ме прати од Кадис-Барнеа да ја разгледам земјата и му донесов одговор, она што ми беше на срцето;

84 Мојс 13–14браќата мои, кои одеа со мене, го обесхрабрија срцето на народот, но јас точно Го следев Господа, мојот Бог;

94 Мојс 14,24; 5 Мојс 1,36и се заколна Мојсеј во оној ден, велејќи: ‚земјата, по која одеше, ќе биде наследство за тебе и за децата твои за навек, бидејќи ти одеше точно по Господ, мојот Бог.‘

10И така, ете, Господ ме запази жив, како што говореше; четириесет и пет години веќе изминаа, откога Господ му ги беше кажал тие зборови на Мојсеј, и Израил одеше по пустина; сега, еве, јас сум на осумдесет и пет години;

11Сир 46,9но и сега сум толку цврст, како и тогаш, кога ме прати Мојсеј: колку што имав сила тогаш, толку имам и сега, да влегувам, да излегувам и да војувам.

124 Мојс 14,24; Суд 1,20Затоа, дај ми ја таа гора, за која го­во­реше Господ во оној ден; бидејќи ти чу во тој ден дека таму живеат Ана­ко­вите синови, и тие имаат градови големи и утврдени; можеби, Господ ќе биде со мене, и јас ќе ги истерам, како што ми рече Господ.“

1313,15Исус го благослови и му го даде во наследство Хеврон на Јефунеовиот син Халев, (од родот Кеназиевци).

14Затоа Хеврон остана и до денес во наследство на Јефунеовиот син Халев, од Кеназиевиот род, бидејќи постојано се покоруваше на заповедите од Господ, Израилевиот Бог.

151 Мојс 23,2Името на Хеврон порано беше Кир­јат-Арба, или град на Арба, како што се викаше еден крупен човек меѓу синовите Анакови. Така земјата се смири од војна.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help