Проповедник 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 5 Мојс 4,39; Ис.Н. 2,11; Изреки 20,25; Сир 7,14; Мт 6,7 Не брзај со јазикот свој, и срцето твое да не брза да изговара зборови пред Господ; зашто Бог е на небото, а ти на земјата; затоа зборовите твои да не бидат многу.

25,11; Изреки 10,19; 13,3; Јк 3,8Зашто, како што соништата доаѓаат при многу грижи, така и гласот на глупавиот се познава од многуте зборови.

3Кога даваш завет на Бога, не двоуми се да го извршиш, зашто Тој не ги сака безумните: она што си го ветил, изврши го.

43 Мојс 27,2; 4 Мојс 30,3; 5 Мојс 23,21-23Подобро е да не ветуваш, отколку да ветиш и да не го извршиш.

5Не ѝ дозволувај на устата своја да го тера во грев телото твое и не зборувај пред ангелот Божји: „Тоа е грешка!“ Зошто ти е да правиш така, и Бог да се разгневи на зборот твој и да го сотре делото на рацете твои?

63,14; Сир 34,1-7Зашто, како во многуте соништа, така и во многуте зборови има суета; но ти имај страв од Бога.

Злоупотребите на власта

7 3,16; Јов 9,24 Ако видиш некаде на сиромав да се врши неправда и да му се одзема судот и правдата, не чуди се на тоа: зашто над високиот гледа повисок, а над нив – уште повисок;

8но од сѐ покорисна е земјата; и царот на нивата ѝ служи.

Од богатството нема полза

9 Сир 14,3 Кој го љуби среброто, со сребро нема да се насити, и кој сака богатство, тој нема да има полза од тоа. И тоа е суета!

10Изреки 19,6Се зголемува ли имотот – се зголемуваат и корисниците негови; и каква корист за сопственикот негов: зар само да гледа со очите свои?

11Изреки 13,8Сладок е сонот за оној, кој се труди, – па јадел тој малку или многу; но прејадувањето не му дава на богатиот да заспие.

12Има едно тешко зло, што сум го ви­дел на земјата: богатство, што се чува за зло на оној, кој го поседува.

13А тоа богатство може да се изгуби во несреќно време: му се роди син и не остане ништо во рацете негови.

14Пс 48,17; Јов 1,21Како што излегол гол од мајчината утроба, така и си заминува, каков што дошол; ништо нема да земе од трудот свој, што би можел в рака да понесе.

15И тоа е големо зло: каков што до­шол, таков си заминува. Каква е, тогаш, ползата за него, кога се трудел залудо?

167,9; Јов 14,1А целиот живот бил мрачен од многу грижи, маки и страдања.

172,24Еве уште што најдов за добро и пријатно: да се јаде и да се пие и да се насладува од доброто на сите свои трудови, со кои некој се труди на земјата преку сите дни од животот свој, што му ги дал Бог; зашто тоа е негов дел.

183,13И, ако на некој човек Бог му дал богатство и имот, и му дал да се ползува од нив, да го зема својот дел и да се насладува од трудовите свои – тоа е Божји дар.

19Нема долго време да ги помни тој дните на животот свој; затоа Бог и го наградува со радоста на срцето негово.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help