Исаија 54 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Бог му ветува заштита на Својот народ

1 1 Цар 2,5; Пс 112,9; Мудр 3,13; Гал 4,27 Развесели се, ти неплодна, што не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си почувствувала родилни маки; зашто напуштената има многу повеќе деца од онаа, која има маж, вели Господ.

226,15; 33,20; 49,20; Ер 10,20Рашири го местото на шаторот свој; покривите твои на живеалиштето твое прошири ги; продолжи ги јажињата свои и зацврсти ги колците свои;

349,8.19; 1 Мојс 28,14зашто ти ќе се рашириш десно и ле­во, и потомството твое ќе завладее на­роди и ќе ги насели опустошените гра­до­ви.

445,17; Ез 16,22; Соф 3,11Не плаши се, зашто нема да бидеш посрамена; не возбудувај се, зашто нема да бидеш исмеана: ќе го заборавиш посрамувањето на младоста своја и нема повеќе да си спомниш за срамот на вдовството твое.

541,14; 47,4; Ос 2,16; Зах 14,9; Пс 46,7Зашто твојот Творец е твојот соп­руг; Јахве Саваот е името Негово, твој искупител е Светецот Израилев: Тој ќе се нарече Бог на целата земја.

641,9; 49,14; Ер 30,17; Изреки 5,18Зашто Господ те вика како жена, на­пуштена и жална со духот, како жена од младини, која била отфрлена, вели твојот Бог.

7Мих 4,6; Плач 3,32За малку време те оставив, но со го­лема милост ќе те приберам.

826,20; 51,6-8; 55,3; 57,17; 60,10; Ер 31,3; Авак 3,2; Пс 29,5Во пламенот на гневот го сокрив од тебе лицето Свое за кратко време, но со вечна милост ќе те помилувам, вели твојот Искупител Господ.

Ветување за траен мир

9 1 Мојс 8,21-22; 9,8-16; Сир 44,18 Зашто тоа за Мене е како потопот за време на Ное: како што се заколнав дека потоп нема повеќе да дојде на земјата, така се заколнав дека нема да ти се лутам, ниту да те прекорувам.

10Ер 4,24; Ез 34,25; 37,26; Пс 45,2; 88,34; Јудита 16,15; Рим 11,29Планини ќе се поместат, и ридови ќе се разнишаат, но Мојата милост нема да отстапи од тебе и заветот на Мо­јот мир нема да се разниша, вели Гос­под, Кој те милува.

Новиот Ерусалим

11 51,3; 60,17-18; Ез 28,13-14; Тов 13,16-17 О, неволна, тркалана од виорот, не­утешна! Ете, Јас ќе ги положам твоите камења врз смарагд и ќе ги направам твоите основи од сафири;

12Откр 21,10-21и ќе ги направам твоите прозорци од рубини и твоите порти – од бисер, а целата ограда твоја – од скапоцени ка­мења.

1350,4; Ер 31,33-34; Јн 6,45И сите твои синови ќе бидат на­у­че­ни од Господ, и голема среќа ќе има ме­ѓу синовите твои.

141,26; Пс 91; 121Ти ќе се утврдиш со правда, ќе би­деш далеку од насилствата, бидејќи ќе нема од што да се плашиш, далеку ќе биде од тебе и ужасот, зашто тој нема да се приближи до тебе.

15Лк 20,18Ете, ќе се вооружат против тебе, но тоа не е од Мене; кој и да се вооружи против тебе, ќе падне.

16Мих 2,10Ете, Јас создадов ковач, кој го раздувува јагленот во огнот и ќе произведува орудија за својата цел, – а Јас сум создал и губител, кој истребува.

1741,11; 45,24; 50,9; Јов 5,17-26Ниедно оружје, направено против тебе, нема да има успех; и секој јазик, кој би се подигнал против тебе на суд, – ти ќе го обвиниш. Тоа е наследство на слугите Господови, нивна победа од Ме­не, вели Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help