1 Тимотеј 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Епископи на Црквата

1 1,15 Верно е словото: тежнее ли некој кон епископство, тој сака добра работа.

23,12; 2 Тим 2,24; Тит 2,6Епископот треба да е непорочен, маж само на една жена, разбран, разумен, уреден, гостољубив, способен да поучува;

3не пијаница, ни насилник, ни алчен, туку кроток, мирољубив и не среброљу­бив;

43,12својата куќа добро да ја управува и да ги држи чедата во послушност со сета сериозност.

51 Кор 1,2Зашто, кој не умее да ја управува својата куќа, како тогаш ќе се грижи за Црквата Божја?

6Да не е новопокрстен, за да не се возгордее и да падне под осуда, како ѓа­волот.

7Рим 12,17; 1 Кор 5,12; 2 Кор 8,21Тој треба уште да има и добар углед кај надворешните за да не биде укоруван и да не падне во стапицата на ѓа­во­лот.

Ѓакони

8Ѓаконите, исто така, треба да бидат чесни, не дволични, да не се страсни за вино, ниту алчни за гнасна печалба;

91,19да ја пазат тајната на верата со чиста совест.

10И тие треба најнапред да бидат ис­питани, та после, ако се непорочни, да станат служители.

11Тит 2,3Исто така и нивните жени треба да бидат чесни, да не се клеветнички, туку трезвени и верни во сѐ.

123,2-4Ѓаконите треба да бидат мажи на една жена, добро да управуваат со децата свои и куќата своја.

13Зашто оние што служат добро како ѓакони, се здобиваат со угледна по­лож­ба и голема смелост во верата што ја имаат во Исус Христос.

Тајната на побожноста

14А ова ти го пишувам со надеж дека скоро ќе дојдам кај тебе.

151 Кор 1,2; Ефес 2,19-22; Тит 1,7А, ако случајно се позабавам, да знаеш како треба да се однесуваат во Божјиот дом, кој е Црква на живиот Бог, столб и потпора на вистината.

16Мк 16,19; Јн 1,14; 16,10; Дела 1,9; Рим 1,3-4; Ефес 3,10; 1 Птр 1,12А, несомнено, голема е тајната на побожноста. Бог, Кој се јави во тело, беше оправдан во Духот, виден од ан­ге­лите, проповедан на народите, веруван во светот, вознесен во слава.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help