1 Изреки 17,21; 19,13 Не пожелувај мноштво непримерни деца; не радувај се на синови безбожни. Не радувај се кога се намножуваат, ако во нив страв Господен нема.
2Не надевај му се на нивниот живот, и не потпирај се на нивниот број.
3Мудр 4,1Подобро е и само еден, отколку илјада;
43 Мојс 26,30-31; 5 Мојс 28,15-29; 29,20-21; Мудр 3,19подобро е бездетен да умреш, отколку безбожни деца да имаш.
5Зашто од еден разумен човек град се населува; а племе од безбожни ќе го запусти.
64 Мојс 11,1; 16,1-30Многу вакви работи видело окото мое, а за уште повеќе увото мое слушало.
71 Мојс 6,1-7; Мудр 14,6На собир од грешници оган ќе се разгори, како што и кај непокорен народ гнев се распалувал.
81 Мојс 19,1-29Бог не се смилува над древните џинови, кои се надеваа на својата сила и во гордоста своја од Него отстапија.
9Не ги поштеди ни сограѓаните Лотови; и од нив се згади поради гордоста нивна.
1046,8; 2 Мојс 12,37Не помилува ни народ погибелен, со гревовите свои којшто се гордееше.
115,6; 2 Мојс 34,6-7; Пс 98,8Ни шестотините илјади пешаци, коишто загинаа поради жестокоста на нивното срце; и да беше само еден непокорен, чудно ќе беше ако останеше неказнет;
12Проп 3,17; Мт 16,27; Откр 2,23зашто и милоста и гневот се под Негова власт: силен е Бог да помилува и да излие гнев.
13Како што е голема милоста Негова, така е строго и неговото изобличување; на човекот му суди според неговите дела.
14Не може да побегне без казни грешникот со грабеж, ниту е залудна трпеливоста на праведникот.
15Широк е патот на Божјата милост; секој ќе добие според своите дела.
Невозможно е бегањето од Господа16Не вели: „Ќе се сокријам од Господа; зар некој од висините ќе си спомне за мене?
17Ер 23,24; Амос 9,2-3; Пс 138,7-12Во толку народ нема да ме забележи; што сум јас во овој бескраен свет?
18Ете, небото и небото над небесата, бездната и земјата треперат од Неговата посета.
19Пс 17,7; 97,4; 104,32; Јов 37,1-7Од страв подеднакво се тресат планините и на земјата основите кога Тој ги погледнува.
20И сето ова срцето не го разбира; а патиштата Негови, Кој ќе ги сфати?
21Рим 11,33Како што ветрот не го гледаме, така се сокриени и поголемиот број од делата Негови.
222 Мојс 19,5; Пс 13,1; Ер 5,12Кој ќе ни ги открие делата на неговите праведни судови? И кој ги очекува? Ветеното е далеку.“
231 Мојс 1,1–2,4Вака размислува слабоумниот. Вака глупаво размислува неразумниот и заблудениот човек.
ВТОРА ЗБИРКА ОД ПОУКИРедот во светот24 Изреки 1,23 Слушај ме, сине мој, и ќе научиш, со срцето свое внимавај на моите зборови.
25Јас ти покажувам разумно учење и ти предавам вистинско знаење.
261 Мојс 1,20.25; Пс 135,5-9Во почетокот Господ ги создал сите Свои дела и на секое од нив му дал одредено место;
2742,20-25; Пс 103,19ги устроил засекогаш делата свои, и најдобрите болскаат од род во род: не гладуваат, не се уморуваат, постојано дејствуваат;
28ниедно од нив не го ограничува она што е до него,
29никогаш не се противставува на Неговите повелби.
301 Мојс 1,24-26; 3,19; Пс 103,29Потоа Господ погледна на земјата и ја исполни со Своите добрини.
31Го покри лицето на земјата со секакви живи суштества и во неа ќе се вратат сите.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.