2 Солуњаните 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Поздрав

1 Дела 15,22; 16,1; 1 Сол 1,1 Павле, Силван и Тимотеј до црк­вата на Солуњаните во Бог Отецот наш и Господ Исус Христос:

2Рим 1,7благодат вам и мир од Бог Отецот наш и Господ Исус Христос!

Праведниот Божји Суд

3 1 Сол 1,2; 3,6.12 Должни сме секогаш да Му благода­риме на Бога за вас, браќа, онака како што прилега, затоа што верата ваша не­обично многу расте, и заемната љубов кај сите вас изобилува,

41 Кор 1,2; 2 Кор 7,4; 1 Сол 2,19-20; 1 Тим 6,11; Откр 1,9така што ние самите се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера и покрај сите прогони и ма­ки, што ги поднесувате:

5Мт 4,17; 5,10; Лк 20,35; 1 Сол 2,12.14тоа е доказ за праведниот Божји суд дека вие ќе се удостоите со царството Божјо за кое страдате.

6Фил 1,28; Откр 18,6-7Бидејќи справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние што ве мачеа,

71 Кор 1,7; 1 Сол 3,13; 4,16а вам, на мачените, да ви возврати спокојство заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила,

82 Мојс 3,2; Ис 66,4.15; Ер 10,25; 1 Птр 4,17во распламнат оган да им се одмаз­ду­­ва на оние кои не Го познаваат Бога, кои не го послушаа Евангелието на на­шиот Господ Исус Христос.

9Ис 2,10.19.21Тие со вечна погибел ќе бидат каз­не­ти далеку од лицето на Господ и од славата на Неговата моќ,

10Ис 2,11-17; Пс 67,34; 89,8; Кол 3,4; 1 Сол 2,12; 3,13кога ќе дојде Тој за да биде прос­лавен во оној ден сред Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што по­веруваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво.

11Фил 2,13; Кол 1,9; 1 Сол 1,3Затоа и се молиме секогаш за вас да ве удостои нашиот Бог за звањето и да ја исполни со сила секоја желба за добрина и секое дело на верата,

12Ис 24,15; 66,5; Мал 1,11; Јн 17,22.24та да се прослави во вас името на нашиот Господ Исус Христос, и вие во Него по благодатта на нашиот Бог и на Господ Исус Христос.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help