1 ‘.
27Лк 23,12.23И навистина, се здружија во тој град Ирод и Понтиј Пилат заедно со незнабошците и со народот израилски против Твојот Свет Син Исус, Кого си Го помазал Ти,
282,23; 13,27-29; Лк 24,26за да го направат она што однапред го беше определила раката Твоја и волјата Твоја – да се збидне.
29И сега, Господи, погледај на нивните заплашувања и дај им на слугите Свои наполно слободно да го проповедаат Твоето слово,
30полагајќи ја раката Своја за исцеление, и да се случуваат чудесни знаци во името на Твојот Свет Син Исус.“
312,1-4; 10,44-46И откако се помолија, се затресе местото каде што беа собрани, и сите се исполнија со Дух Свети и слободно го проповедаа словото Божјо.
Верниците меѓусебно го споделуваат својот имот32 2,42-44 А народот, што поверува, имаше едно срце и една душа: и никој ништо од својот имот не го нарекуваше свое, туку сѐ им беше заедничко.
33Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господа Исуса Христа; и имаше голема благодат над сите нив.
34Не постоеше ниеден меѓу нив што имаше потреба за нешто, бидејќи оние што имаа ниви и куќи, ги продаваа и парите земени за нив ги донесуваа
352,44-45и ги оставаа пред нозете на апостолите: и секому му се даваше според неговите потреби.
36Така Јосиф, наречен од апостолите Варнава, што значи син на утехата, левит, родум од Кипар,
37кој имаше нива, ја продаде, ги донесе парите и ги положи пред нозете на апостолите.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
