1 Солуњаните 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Животот кој му е угоден на Бога: чистота, братска љубов

1 2,13; Рим 12,1-2; 2 Сол 3,6 И така, браќа, ве молиме и ве заколнуваме во Христос Исус, онака, како што научивте од нас како треба да живеете и да Му угодите на Бога, како што и постапувате, сѐ повеќе во тоа да напредувате;

24,15Вие знаете какви пораки ви дадовме од името на Господа Исуса.

35,23; 3 Мојс 19,2; Мт 6,10; Рим 6,19; Ефес 1,4; Евр 10,10; 1 Птр 1,16Ова е волјата Божја, вашата светост: да се воздржувате од блудство,

41 Кор 6,13.15; 7,2; 1 Птр 3,7и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и честитост,

5Ер 10,25; Пс 78,6а не во похотна страст, како незна­бошците, кои не Го познаваат Бога,

65 Мојс 32,35; Пс 93,1; Сир 5,3и да не престапува и го измамува во тоа братот свој; бидејќи Господ за сето тоа се одмаздува, како што ви зборував­ме и сведочевме порано.

7Јн 17,19; 2 Сол 2,13-14; 1 Птр 1,15-16Зашто Бог не нѐ повика кон не­чис­тота, туку во светост.

8Ез 36,27; 37,14; Лк 10,16; Рим 5,5; 2 Кор 1,22; Гал 4,6; 1 Јн 3,24А кој го отфрла тоа, тој отфрла не човек, туку Бога, Кој Го даде Својот Дух Свети во нас.

9Ис 54,13; Ер 31,33-34; Јн 6,45; 13,34За братољубието, пак, нема потреба да ви пишувам, зашто вие сами сте нау­чени од Бога да се сакате еден со друг,

103,12; 2 Сол 3,4бидејќи така и постапувате со сите браќа по цела Македонија. И ве пот­тик­нуваме, браќа, уште повеќе да нап­ре­ду­вате,

11Ефес 4,28; 2 Сол 3,6-12и усрдно да се грижите да живеете мирно, да си ја извршувате сопствената работа и да работите со свои раце како што ви заповедавме;

12Мк 4,11; 1 Кор 5,12; Кол 4,5да постапувате чесно спрема надворешните и да не зависите од никого.

Воскресението на мртвите и очекување на денот на Господовото доаѓање

13 Ефес 2,12 Браќа, не сакаме да бидете во незнаење за оние кои се упокоени, за да не тажите како и другите, што немаат надеж.

14Мк 9,31; Рим 14,9; 1 Кор 15,3-4; 2 Кор 4,14Зашто, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така Бог и упокоени­те преку Исус, ќе ги доведе со Него.

15Мт 16,27; 1 Кор 7,10.25; 15,51Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господ, нема да стигнеме пред упокоените.

161,10; Мт 24,30-31; 1 Кор 15,23.52; 2 Сол 1,7Бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе вос­креснат мртвите;

17Јн 12,26; 14,2-3; 17,24; Фил 1,23а потоа, ние, што сме останале жи­ви, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ.

185,11Па затоа, утешувајте се еден со друг со тие зборови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help