1 Тимотеј 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Поздрав

1 Рим 1,1; Кол 1,27 Павле, апостол на Исус Христос, по повелба на Бога нашиот Спа­си­тел и Господ Исус Христос, нашата на­деж,

2Дела 16,1; Фил 2,22; Тит 1,4до Тимотеј, вистинското чедо по ве­ра. Благодат, милост и мир од Бог Оте­цот наш и Христос Исус нашиот Гос­под!

Опомени против лажните учења

3 Дела 20,1 Како што на тргнување за Ма­ке­до­нија те молев да останеш во Ефес да им заповедаш на некои да не проповедаат друго учење,

44,7; 6,4.20; 2 Тим 2,14; 2,16.23; 4,4; Тит 1,14; 3,9и да не се занимаваат со басни и бес­крајни родословија, кои повеќе предизвикуваат расправии, отколку Божјо устројство во верата.

51 Кор 4,4А целта на оваа заповед е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера.

6Некои, откако не ги постигнаа тие работи, се оддадоа во празнословија,

7и сакаат да бидат учители по За­ко­нот, но не разбираат ни што зборуваат, ниту што тврдат.

Вистинската улога на Законот

8 Рим 7,7.12 А ние знеме дека Законот е добар, ако некој законски го применува.

9Рим 1,29; Гал 5,23Знаејќи дека Законот не е установен за праведник, туку за беззаконици и не­по­корници, за нечестиви и за грешници, за неправедни и осквернители, за таткоубијци и мајкоубијци, за човекоубијци,

102 Кор 4,4; Откр 18,13за блудници, за мажеложници, тр­говци со робје, клетвопрестапници, скотоложници, лажливци, и за сѐ друго, што е спротивно на здравата наука,

116,15; Јн 1,14; 2 Кор 4,4; 1 Сол 2,4; Тит 1,3според славното Евангелие на бла­жениот Бог, кое ми е мене доверено.

Благодарност за Божјото милосрдие

12 Дела 9,15; Гал 1,15-16 Му благодарам на Христос Исус, нашиот Господ, Кој ми даде сили, заш­то сметаше дека заслужувам доверба, кога мене ме постави на служба,

13Дела 3,17; 8,3мене, кој порано бев хулител, гонител и насилник; но ме помилува, би­деј­ќи тоа го правев без да знам, во неве­рие.

14Рим 5,20; 1 Кор 15,10Но заедно со верата и љубовта во Христос Исус изобилуваше и благодатта на нашиот Господ.

15Лк 15,2; 19,10; 2 Птр 3,15Верен е тој збор и достоен е сосема да се прифати: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас.

16Па затоа бев помилуван, за да ја покаже Исус Христос прво на мене сета долготрпеливост, како пример на оние кои ќе поверуваат во Него за живот вечен.

176,16; Рим 16,24; Кол 1,15А на Царот на вековите, на Нерас­падливиот, Невидливиот, Единствен Премудар Бог – нека е чест и слава во сите векови. Амин!

Да се бориш како добар војник

18 4,14; 6,12; 2 Тим 4,7 Чедо Тимотеј, оваа заповед ти ја предавам според пророштвата кои прво тебе те посочија да се бориш како добар војник потпирајќи се на нив,

193,9имајќи вера и добра совест, која не­кои ја отфрлија и претрпеа бродолом во верата;

201 Кор 5,5; 2 Тим 2,17; 4,14меѓу нив се Именеј и Александар, што ги предадов на сатаната за да се на­учат да не хулат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help