1Мудриот владетел народот свој строго го воспитува; владеењето на разумниот добро е уредено.
2Каков е народниот владетел, такви се и неговите помошници, а какви се градските управници – такви се и жителите на градот.
3Неразумниот цар народот свој го упропастува; градот се издигнува со мудроста на своите старешини.
4Ис 11,2-5; Ер 27,5; 1 Лет 29,11-12Власта над земјата е во раката на Господа; Тој потребниот човек навреме над неа го издигнува.
5Рим 13,1Напредокот на човекот е во раката на Господа; врз закониците Бог ја покажува славата Своја.
Горделивост и насилство6 3 Мојс 19,18; Мт 5,21-24; 18,21-22; Рим 12,17 За секаква навреда не гневи се на ближниот свој, и не прави никаква неправда.
7Горделивоста е одвратна и за Бога и за луѓето; неправдата е омразна и за Него и за нив.
8Власта преминува од еден народ на друг поради неправди, навреди и користољубивост.
917,31; 1 Мојс 18,27Зошто се гордеат правот и пепелта –
10кога уште додека се живи утробата им е нечиста?
112 Мојс 14,11; Ис 14,11; Јов 17,14Долгата болест го вознемирува лекарот;
125 Мојс 8,14оној што денес е цар, утре ќе умре.
13Човекот кога умира станува плен на влекачите, ѕверовите и црвите.
1433,12; 1 Цар 2,4-8; Лк 1,51.52Почетокот на гордоста е оддалечувањето од Господа, кога срцето на човекот ќе отстапи од Создателот негов;
15Ис 5,24; Дан 2,35; 11,7; Мудр 4,3горделивоста е почеток и на гревот; кој ќе ѝ се предаде, ќе изблуе одвратност.
16Ис 40,15-17; Мудр 11,21-22Затоа Господ го казнува со страшни казни и наполно го уништува.
175 Мојс 32,26; Пс 9,5-6Господ урива престоли на силни; на нивното место кротки издигнува.
18Ги откорнал Господ горделивите, на нивно место ги насадил понизните.
19Господ ги опустошува земјите на незнабошците и ги разурнува до темел.
20Некои од нив ги раселил и уништил, со тоа го избришал споменот за нив.
21Горделивоста за луѓето не е создадена, ниту гневот бесен – за породот на жената.
229,16Кој род е достоен за чест? Човечкиот. Кој род е достоен за чест? Оној, што страхопочит кон Господа има.
23Кој род презир заслужува? Човечкиот. Кој род презир заслужува? – Оној што законот го погазува.
2411,19; Ер 9,23-24; Јудита 16,16; 1 Кор 1,18-31; 2 Кор 10,17; Јк 1,9Чест има најстариот меѓу браќата; така и оној што има страхопочит кон Господа – пред Божјите очи чест има.
25Изреки 11,29; 17,2На богатиот, благородниот и сиромавиот – пофалба нека им е страхопочитта кон Господа.
26Лк 17,10Разумен сиромав не треба да се презира – а грешник не треба да се прославува.
27Изреки 12,9Властелинот, судијата и владетелот достојни се за чест; но поголем нема од оној што има страв од Господа.
28Ер 9,22; 1 Кор 1,31На мудриот роб слободни ќе му служат; разумниот, поучуван од него, нема да негодува.
Заслужена почит29 Проп 7,16-17 Кога работиш, не мудрувај многу, а кога си во неволја – не фали се.
3011,1Подобар е оној којшто работи и живее во изобилство, од оној којшто не работи и се фали, а има потреба од леб.
31Синко, со кротост прославувај ја душата своја и почитувај ја според нејзиното достоинство.
32Кој ќе го оправда оној што греши против својата душа? Кој ќе го пофали оној што самиот се осрамотува?
33Сиромавиот го почитуваат поради неговата разумност, а богатиот – поради богатството негово.
34А почитуваниот во сиромаштија, колку ли повеќе ќе биде почитуван кога ќе биде богат? И неславниот во богатство, колку ли понеславен ќе биде во сиромаштијата!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.