Псалми 88 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 88Утеха за Давидовиот дом во дадениот завет од Бога

1Милоста Твоја, Господи, вечно ќе ја воспевам, од род во род ќе ја разгласувам со устата своја Твојата вистина.

2Зашто рече: милоста е за вечност установена, а на небото Ти ја утврди Твојата верност.

3„Јас поставив завет со Моите из­бра­ници, му се заколнав на Мојот слуга Да­вид:

42 Цар 7,12-16; 22,5; Дела 2,30за вечност ќе го одржувам твоето потомство, од род во род и ќе го утврду­вам твојот престол.“

5И небото ќе ги прославува, Господи, Твоите чудесни дела и Твојата вистина во собранијата на светиите.

6Зашто, кој на облаците ќе се споредува со Господ и кој од синовите Божји ќе се изедначи со Господ?

728,1; 81,1; Јов 1,6Во соборот на светиите Бога Го про­славуваат; велик е и страшен за сите што се околу Него.

8Господи, Боже на силите, кој е мо­ќен како Тебе? Силен си Ти, Господи, и верноста Твоја Те опкружува.

985,8Ти управуваш со силата на морето и силните бранови негови Ти ги скротуваш.

1064,7; Јов 7,12Ти го скрши Рахав како труп, со Твојата крепка рака ги распрсна непријателите Свои.

11Твои се небесата и Твоја е Земјата; вселената и она што ја исполнува Ти си ја основал.

1223,1-2Север и југ Ти си ги создал; Тавор и Ермон за Твоето име се радуваат.

13Силна е Твојата мишка, црвста е раката Твоја, високо е издигната десницата Твоја!

14Праведноста и правдата се основа на Твојот престол; милоста и верноста одат пред Твоето лице.

1584,10; 96,2; 2 Мојс 34,6-7Блажени се луѓето што го позна­ва­ат трубниот глас. Тие одат во светлината на Твоето лице, Господи;

1646,1за Твоето име се радуваат цел ден и со Твојата праведност се возвишуваат,

17зашто Ти си похвала на силите нив­ни и со Твоето благоволение се издига нашиот рог,

18бидејќи нашата заштита доаѓа од Господ и од светецот Израилев, нашиот Цар.

1946,9; Ис 6,3Некогаш Ти си им зборувал на Тво­ите верни во видение и си рекол: „Јас му дадов помош на силниот, го издигнав избраникот меѓу Мојот народ.

20131,11-12; 2 Цар 7,8-16Го најдов Мојот слуга Давид; со своето свето масло го помазав.

2177,70; 1 Цар 16; Дела 13,22Раката Моја ќе остане со него, и мишката моја ќе го закрепнува.

22Ис 42,1Непријателот не ќе може ништо да му направи, и синот на беззаконието нема да го собори.

23Ќе ги уништам пред него неприја­телите негови и ќе ги победам оние што го мразат.

24И Мојата верност и Мојата милост се со него, и преку Моето име ќе се воз­вишува неговиот рог.

25И ќе ја положам над морето раката негова, и над реките – десницата негова.

26Тој ќе ме повикува: Ти си мој Отец, мој Бог и крепост на моето спасение.

272,7; 2 Цар 7,14; Ер 3,19; Јн 20,17И Јас ќе го направам првороден син, повисоко од земните цареви,

28Кол 1,15-18; Откр 1,5засекогаш ќе му ја зачувам Мојата ми­лост и Мојот завет со него ќе биде верен.

29Ис 55,3И ќе го продолжам засекогаш не­го­вото потомство и неговиот престол, – колку деновите на небото.

30Ако синовите негови го остават Мојот закон и не одат по Моите заповеди;

31ако ги нарушат Моите наредби и не ги запазуваат Моите наредби,

32тогаш ќе го казнувам со жезолот нивното престапништво, и со рани – нивното беззаконие;

332 Цар 7,14но милоста Своја нема да ја отстра­нам од него и верноста Своја нема да ја изневерам.

34Нема да го повредам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја.

35Ер 33,20-21Еднаш се заколнав во светоста Сво­ја: нема да го лажам Давид!

36109,4Неговото потомство вечно ќе пре­би­ва, неговиот престол ќе биде како сонце пред Мене,

37засекогаш ќе стои како месечината, верен сведок на небото.“

3871,5.7; Откр 1,5Но Ти го отфрли и го презре, се раз­гневи на Твојот помазаник;

39го разруши заветот со Твојот слуга, ја оскверни круната негова во земниот прав;

40ги разруши сите негови огради, ги претвори во урнатини неговите крепости.

4179,12-13Го ограбуваат сите што поминуваат по патот; тој стана за потсмев на своите соседи.

4230,11; 43,13; 78,4; 108,25Ти ја возвиши десницата на него­ви­те противници, ги зарадува сите непри­јате­ли негови;

43Ти му откажа помош на мечот не­гов и во борбата не го поткрепи;

44ја одзеде од него чистотата и го ур­на на земја престолот негов;

45ги скрати деновите на младоста не­гова и го покри со срам.

46До кога, Господи? Ќе се криеш ли непрестајно? До кога ќе гори гневот Твој како оган?

4778,5Спомни си, колкав е векот мој: за каква суета си ги создал сите синови човечки!

4838,4Кој од луѓето ќе живее, а смрт да не види? Кој може да се спаси од силата на гробот?

4989,3-4Каде се Твоите поранешни ми­лос­ти, Господи, за кои му се заколна на Да­вид во Твојата вистина?

50Сети се, Господи, на подбивите од слугите Твои што ги носам во пазувите свои од многуте народи;

51на подбивите од Твоите неприја­те­ли, Господи, со кои ги валкаат чекорите на Твојот помазаник.

52105,48; Лк 1,68Нека е благословен Господ во сите векови! Амин, Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help