Езекил 29 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Пророштво против Египет

1 Ис 19,1-25; Ер 46,2-26 Во десеттата година, десеттиот месец, во дванаесеттиот ден од месецот, дојде слово Господово до мене:

2„Сине човечки, сврти го лицето свое кон фараонот, египетскиот цар, и из­ре­чи пророштво против него и против це­лиот Египет.

3Откр 12,3Говори и кажи им – вака вели Гос­под Бог: еве, Јас сум против тебе фара­оне, царе египетски, голем змеју, кој лежиш по реките свои и велиш: ‚моја е реката и јас ја создадов за себе.‘

4Но Јас ќе ставам јадица во твоите челусти и на твоите лушпи; и ќе те из­влечам од реките твои со сета риба на твоите реки, што се залепила на твоите лушпи;

5ќе те фрлам во пустината, тебе и се­та риба од твоите реки; ти ќе паднеш на откриено поле; нема да те земат и по­гребат; ќе допуштам да те изедат ѕве­ро­вите земни и птиците небески.

6Ис 36,6И ќе познаат сите жители на Египет дека Јас сум Господ, зашто тие беа на домот Израилев потпорна трска.

7И кога се фатија со раката своја за тебе, ти се раскина и рамињата им ги откина; и кога се потпреа на тебе, ти се скрши и им ги изнарани сите нивни бед­ра.“

8Затоа, вака вели Господ Бог: „Еве, Јас ќе испратам против тебе меч и ќе ги истребам кај тебе луѓето и добитокот.

9Египетската земја ќе стане пустина и степа; па ќе познаат дека Јас сум Гос­под. Бидејќи тој вели – моја е реката и јас ја создадов,

10затоа, еве, Јас сум против твоите реки и египетската земја ќе ја направам пустина над пустините од Мигдол до Сиена, до пределот на Етиопија.

11Нема да оди по неа човечка нога и нога на добиток нема да стапне на неа, и нема да се живее на неа четириесет го­дини.

12И ќе ја направам земјата египетска пустина меѓу запустени земји; и гра­довите нејзини меѓу запустени градови, ќе бидат пусти четириесет години и ќе ги растурам Египќаните меѓу народите и ќе ги распрснам по земјата.

13Ис 19,16.25Зашто вака вели Господ Бог: от­ка­ко ќе изминат четириесет години, Јас ќе ги соберам Египќаните откај народите, каде што ќе бидат растурени.

14И ќе ги вратам египетските за­ро­бе­ници и ќе ги доведам назад во земјата Патрос, во земјата на нивното потекло и тие таму ќе претставуваат слабо цар­ство.

15Тоа ќе биде послабо од другите цар­ства и нема веќе да се гордее над народите; ќе ги смалам за да не владеат над народите.

16И во иднина, тие нема да бидат потпора на домот Израилев, за да го спомнуваат нивното беззаконие, кога се обраќаа кон него; и ќе познаат дека Јас сум Господ Бог.“

Навуходоносор ќе го покори Египет

17Во дваесет и седмата година, првиот месец, во првиот ден од месецот, дојде слово Господово до мене:

18„Сине човечки, Навуходоносор, ца­рот вавилонски, ја истошти војската своја со големи работи кај градот Тир: секоја глава оќелаве и секое рамо беше изнарането; но ни за него, ни за војската немаше награда од Тир за трудот што тој го употреби против него.“

19Ер 43,8-13Затоа, така вели Господ Бог: „Еве, Јас му ја давам на вавилонскиот цар На­вуходоносор земјата египетска, за да го собере богатството нејзино, да изврши грабеж во неа и да однесе сѐ што грабе­ла таа, и тоа ќе биде награда за неговата војска.

20Како награда за работата, која тој ја изврши во него, Јас му ја предавам земјата египетска, зашто тој го вршеше тоа заради Мене, вели Господ Бог.

21Во тој ден ќе го вратам рогот на до­мот Израилев и тебе ќе ти ја отворам устата меѓу нив, па ќе познаат дека Јас сум Господ.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help