Еремија 43 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Јудејците и покрај опомената Божја одат во Египет

1Кога Еремија му ги изговори на сиот народ овие зборови на нивниот Господ Бог, сите тие зборови со кои нивниот Господ го прати до нив,

2Ис 13,11; Мал 3,19тогаш Азарија, синот на Хошаја, и Јоханан, синот на Кареах, и сите дрски луѓе му рекоа на Еремија: „Тоа, што го зборуваш не е вистина; Господ, нашиот Бог, не те прати да кажеш: ‚не одете во Египет, за да живеете таму‘

3туку Варух, синот Нириев, те наговори против нас, за да нѐ предадеш во рацете на Халдејците, па да нѐ убијат, или да нѐ одведат како робови во Вави­лон.“

443,7; 44,23И Јоханан, синот на Кареах, сите војводи и сиот народ не го послушаа гласот на Господ, за да останат во земјата јудејска.

5Тогаш Јоханан, синот на Кареах, и сите војводи го поведоа сиот остаток од Јудејците, кои се беа вратиле откај сите народи, каде што беа прогонети, за да живеат во земјата јудејска;

6мажи, жени, деца, царевите ќерки и сите оние, кои Навузардан, началник на телохранителите, ги остави со Го­до­ли­ја, синот на Ахикам, син Сафанов, и пророкот Еремија, и Варух, синот Ни­риев;

74 Цар 25,26па отидоа во земјата египетска, би­дејќи не го послушаа гласот на Господ, и стигнаа до Тафнис.

8И дојде слово Господово до Еремија во Тафнис:

9земи во рацете големи камења и со­к­риј ги во измесена глина пред влезот на фараоновиот дом во Тафнис, пред очите на Јудејците,

10и кажи им – вака вели Господ Сава­от, Бог Израилев: еве, ќе пратам и ќе го доведам Навуходоносор, царот вавилонски, слугата Свој, и ќе го поставам престолот негов врз овие камења што ги сокрив, и тој ќе го распне над нив својот великолепен шатор

1115,2; 46,13; Ез 5,12; 6,11; Зах 11,9и ќе дојде, па ќе ја порази египет­ска­та земја: и кој е за смрт, ќе биде пре­даден на смрт; и кој е за ропство, ќе отиде во ропство, а кој е за под меч – под меч.

1246,25; Ез 30,13Па ќе запалам оган во свети­лиш­та­та на боговите египетски; и тој ќе ги из­гори, а нив ќе ги зароби, и ќе се нагрне со египетската земја, како пастир што се наметнува со облеката своја, па ќе си отиде оттаму со мир.

13И ќе ги собори статуите на Вет­са­мис, што се наоѓаат во египетската зем­ја, и светилиштата на египетските бого­ви ќе ги изгори со оган.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help