1 Тимотеј 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Сѐ што е создадено од Бога е добро

1 Мт 24,23-24; Дела 20,29-30; 2 Тим 3,1; 2 Птр 2,1; 3,3; 1 Јн 2,18; Јуда 1,18 А Духот јасно зборува дека во по­следните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамнички духови и злодуховски учења,

2преку лицемерството на оние што зборуваат лага и имаат догорена совест;

32,4; 1 Мојс 9,3; Рим 14,6; 1 Кор 10,30.31; Кол 2,16-23кои забрануваат да се стапува во брак и наметнуваат воздржување од ја­дења што ги создал Бог, за да бидат употребувани од оние кои веруваат и ја познаваат вистината.

41 Мојс 1,31; Рим 14,14; 1 Кор 10,25-30Зашто, секое нешто создадено од Бога е добро и ништо не е за отфрлање, ако се прима со благодарност,

5бидејќи се осветува преку словото Божјо и со молитва.

Добриот служител на Исус Христос

6 2 Тим 2,15 Ова советувај им го на браќата и ќе бидеш добар служител на Исус Хрис­тос, хранет со зборовите на верата и на доброто учење што си го примил.

71,4; 6,20; 2 Тим 2,16; Тит 1,14Од нечисти и од бапски приказни бе­гај, а обучувај се во побожност;

86,6зашто телесното обучување е малку корисно, а побожноста е полезна за сѐ, бидејќи во себе има ветување за се­гаш­ниот и за идниот живот.

91,15; 3,1; 2 Тим 2,11; Тит 3,8Тие зборови се верни и достојни да бидат целосно прифатени.

101,1; 2,3-4Затоа и се трудиме и се бориме, зашто се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на оние кои веруваат.

Препораки за верните

11Ова препорачувај го и поучувај!

122 Сол 3,7; Тит 2,7-8; 2,15Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во слово, поведение, љу­бов, дух, вера и чистота!

13Додека дојдам, занимавај се со чи­тање на Писмото, со утешување и со поучување!

141,18; Дела 6,6; 8,17; 2 Тим 1,6Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која ти беше дадена по про­рош­тво заедно со полагање раце врз тебе од свештенството!

15Грижи се за тоа, на тоа предади се, та успехот твој да им стане јасен на си­те!

16Пази на себе и на учењето; биди ис­траен во тоа, зашто, ако постапуваш та­ка, ќе се спасиш и себе самиот и оние што те слушаат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help