1Трпеливо се надевав на Господ, и Тој се наклони над мене и ја чу молитвата моја,
2и ме изведе од длабината на јазот и од длабока тиња, па ги постави нозете мои на камен и ги зацврсти стапалата мои;
317,4; 68,2; Ер 38,6а во устата моја вложи нова песна – похвала за нашиот Бог. Мнозина ќе видат, и страв ќе ги опфати и ќе се надеваат на Господ.
432,3Блажен е оној човек што верува во Господ и не се обраќа кон горделивите, кон оние што застрануваат по лажни богови.
51,1; Ер 17,7Многу чудесни дела си направил, Господи, Боже мој, многу мисли чудесни – кој може да се спореди со Тебе!? Почнав да ги објавувам и да зборувам за нив, но тие број немаат!
634,10; 70,15; 138,17-18; Јн 21,25Жртви и приноси Ти не бараш, но ушите ми ги отвори; сепаленица и жртва за грев Ти не побара.
749,8-10; 50,16-19; 68,30-31; Ос 6,6; Амос 5,22Тогаш реков; еве, идам; во свитокот на книгата за мене е напишано;
8Јн 5,39со задоволство ќе ја исполнам волјата Твоја, Боже мој; Твојот Закон е во срцето мое.
9Ја објавив Твојата правда во големото собрание; не ѝ бранев на устата моја; Ти го знаеш тоа, Господи.
1034,18; 106,32Твојата правда не ја сокрив во срцето мое, ја објавив верноста Твоја и спасението Твое; и не ги затаив Твојата милост и Твојата верност од собранието.
1177,4Но, Господи, не отстранувај го милосрдието Твое од мене; Твојата милост и Твојата верност нека ме пазат постојано,
1224,21зашто зла безбројни ме опкружија; ме притиснаа беззаконијата мои, и не можев дури ни да гледам, – тие се повеќе од влакната на главата моја; а и срцето мое ме остави.
136,7; 37,4.10; 68,4Благоволи, Господи, да ме избавиш; Господи, побрзај ми на помош!
1421,19; 69,1-5Нека се засрамат и нека поцрвенат сите, кои бараат да ја погубат душата моја! Нека бидат вратени назад и нека бидат предадени на потсмев оние, кои ми сакаат зло.
1534,4.26Нека се скаменат од срам оние, кои сакајќи да ми се наругаат велат: „Аха! Аха!“
1634,21.25А нека се зарадуваат и нека се развеселат во Тебе сите, кои Те бараат, и оние што сакаат спасение од Тебе непрестајно нека зборуваат: велик е, велик – Господ!
1734,27; 68,6.32; 103,1А јас сум сиромав и беден; но Господ се грижи за мене. Ти си помошник мој и заштитник мој, Боже мој, не задоцнувај.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
