Плачот 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ерусалим тагува и моли за помош

1 Варух 4,12 Како остана пуст градот, некогаш полн со народ! Стана како вдовица; некогаш голем меѓу народите; кнезот над областите сега плаќа данок.

21,9.19; 2,18; Ер 9,18; Пс 6,6; Сир 35,17; Ис 40,1; Пс 68,20; Ер 30,14; Јн 13,18Горко плаче ноќе, а солзите му па­ѓа­ат по образите. Од сите оние што го са­каа, сега нема никој да го утеши; сите негови пријатели го изневерија и му станаа непријатели.

3Пс 115,3Поради беда и ропство Јуда се пресели; се насели меѓу незнабошци, и не најде спокој; сите што го гонеа, го при­теснија.

4Ер 14,2; Ис 3,25Патиштата на Сион тагуваат, зашто нема кој да оди на празник; сите негови порти запустеа; свештениците воздив­нуваат, момите негови се нажалени, а и самиот е во тага!

55 Мојс 28,25; Пс 88,42Непријателите негови станаа господари; на противниците негови им е доб­ро, бидејќи Господ испрати врз него страдања поради неговите бројни беззаконија; децата негови отидоа во ропство пред непријателот.

6Ез 10,18; 11,22-23И отиде од ќерката Сионова сета нејзина слава; кнезовите нејзини се како елени, што не наоѓаат пасиште; обес­си­лени, тие бегаат пред терачот.

7Се присетува Ерусалим во деновите на својата беда и на своите страдања за сите свои убавини, што ги имаше во поранешните дни, а сега, пак, народот падна од непријателска рака, и нема кој да му помогне; непријателите гледаат на него и се смеат на неговата пропаст.

81,17; Ис 47,3; Ез 16,37Тешко згреши Ерусалим, па затоа и стана одвратен; сите што го почитуваа, сега го гледаат со презир, зашто ја видоа голотијата негова; и тој самиот воздивнува и го крие своето лице.

95 Мојс 32,29; Ис 47,7; 1,2Нечистотија имаше по полите не­го­ви, но тој не помислуваше за својата ид­нина, па поради тоа многу се понизи и падна, и нема сега кој да го утеши. „Погледај, Господи, на мојата мака, зашто непријателот се возгордеа!“

104 Цар 24,13; Ис 64,10; 5 Мојс 23,3; Ез 44,7-9; Дела 21,28Непријателот посегна по сѐ што му беше најдраго; и тој гледа како незна­бошците влегуваат во неговото све­ти­лиш­те, оние, за кои си заповедал да не влегуваат во Твојот храм.

115 Мојс 28,51; Ер 52,6Сиот негов народ воздивнува, барај­ќи леб, ги дава своите скапоцени работи за храна – душата да ја поткрепи. „Пог­ледај, Господи, и види колку сум през­рен!“

12Дан 9,12; 12,1; Мт 24,21Нека не ве снајде ова сите вас, кои врвите по патот. Погледајте и видете – има ли болка каква што е мојата болка, која ме постигна, каква што Господ ја испрати врз мене во денот на Својот пламенен гнев?

13Тој испрати оган одозгора во коски­те мои, и огнот ги опфати; распосла мрежа за нозете мои, ме кутна ничкум, ме остави да тагувам секој ден.

145 Мојс 28,48; Ер 27,2Јаремот на беззаконијата мои го стегна со раката Своја; околу вратот ми ги обеси; силата ми ја одзеде; Господ ме предаде во раце, од кои не можам да се заштитам.

15Ис 63,3; Јоил 3,13Сите јунаци од мојата средина Гос­под ги собори; свика против мене мно­зи­на за да ги истреби младинците мои, како во каца ја изгази Господ девојката, ќерката Јудина.

16Ер 13,17Заради тоа јас плачам: окото мое, окото мое солзи лие, зашто далеку е од мене утешителот, кој би ја оживеал ду­шата моја; синовите мои пропаднаа, би­дејќи непријателот ги надвладеа.

171,8Сион ги протега рацете, но за него нема утешител. Господ заповеда непријатели да го опколат Јакова; Ерусалим стана нечистотија меѓу нив.

18Праведен е Господ, зашто не му се покорував на словото Негово. Чујте, сите народи, и погледнете ја мојата бол­ка; момите мои и момчињата мои отидоа во ропство.

191,2; Ер 30,14; 1,11Ги повикувам пријателите свои, но тие ме измамија; свештениците мои и старешините мои умираат во градот, барајќи храна за да ја поткрепат душата своја.

202,11; Ер 4,19; 5 Мојс 32,25; Ер 9,21Погледај, Господи, во каква мака сум, утробата моја трепери, срцето ми се превртува, бидејќи жестоко се проти­вев на Тебе; однадвор меч ми ги покоси децата, а дома – смрт.

21Амос 5,18Слушаат како офкам, а утешител немам; за мојата неволја чуја сите мои непријатели и се зарадуваа, бидејќи Ти го направи тоа; о, да беше му заповедал на претскажаниот ден да дојде, па и тие да станат како мене!

22Ер 51,35Нека се појави пред Тебе сета злоба нивна; и постапи со нив како што пос­тапи со мене за сите мои гревови, зашто теш­ки се офкањата мои, и срцето мое е натажено.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help