Псалми 103 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 103Славата Божја е во делата Негови

1 102,1; 102,2.22; 92,1; 2 Цар 7,22 Благословувај Го, душо моја, Гос­по­да! Господи, Боже мој, Ти си многу ве­лик; во слава и величественост Си се облекол;

2Ис 40,22; Јов 9,8Ти, Кој се облекуваш со светлина како со облека, си го прострел небото како шатор;

317,10; 67,4; Ис 19,1; Амос 9,6на вода си ги поставил Твоите дво­рови, облаците си ги направил како Своја кола, на крилјата од ветрот патуваш.

4Евр 1,7Ветровите ги правиш Свои гласници, а огнот и пламенот – Свои слуги.

523,2; 45,2; 74,3; 1 Цар 2,8; Јов 38,6; Изреки 8,25.29Ти си ја поставил Земјата на цврсти основи: таа нема да се разниша никогаш.

6Си ја покрил со бездна како со облека, води стојат над горите.

7Од Твојата закана тие бегаат, од гла­сот на Твојот гром се разбегуваат;

81 Мојс 1,9; Ер 5,22; Јов 38,8-11се издигаат до горите, се спуштаат во долините, на места што си им ги оп­ределил.

91 Мојс 9,11-15; Изреки 8,29Си поставил граница преку која нема да преминат, ниту ќе се вратат да ја покријат Земјата.

1073,15; 5 Мојс 8,7Си управил извори во долините: ме­ѓу горите течат води,

11ги напојуваат сите полски ѕверови; дивите магариња ја гаснат жедта своја.

12Ез 31,13Покрај нив живеат птици небесни, меѓу гранките пуштаат глас.

13Ти ги напојуваш горите од своите височини, од плодовите на Твоите дела се наситува Земјата.

14146,9; 1 Мојс 1,11-12; 1,29-30; 2,16Ти правиш да расте трева за до­би­токот и растенија за потреба на луѓето, за да произведат храна од земјата

154,7; 1 Мојс 5,29; 17,4; Суд 9,13; 18,4.7; Зах 10,7; Изреки 31,27; Сир 40,20и вино што го весели срцето на чо­векот, и маслото од кое блеска лицето негово, и лебот што го закрепнува срцето на човекот.

16Се напојуваат дрвјата по полето, кедрите леванонски, што си ги посадил;

17на нив птиците си прават гнезда, ел­ките им се живеалишта на штрковите.

18Изреки 30,26Високите гори – на срните; камењата – прибежиште на зајаците.

1973,16; 1 Мојс 1,16; Сир 43,6Тој ја создал месечината да ги определува времињата, сонцето знае кога ќе зајде.

20Амос 5,8Спушташ темнина, и настанува ноќ: тогаш излегуваат сите горски ѕве­рови;

21Јоил 1,20; Јов 38,39.41; 1 Мак 3,4лавовите рикаат за плен и бараат од Бога храна за себе.

22Јов 37,8; 38,40Изгрева сонцето, а тие се собираат и легнуваат во своите легла;

23човекот излегува по своја работа и работи до вечерта.

248,1; 91,5; Ер 10,12; Јов 5,9; Изреки 3,19; 8,21-30Колку се многубројни делата Твои, Господи! Сѐ си направил премудро; Земјата е полна со Твои созданија.

25Ете го морето, големо и пространо; таму се движат безброј лазачи, мали и големи животни;

2673,14; Јов 40,24; Изреки 8,31таму пловат кораби, таму е левија­танот што си го создал да игра во него.

27135,25; 144,15-16; Мт 24,45; Лк 12,42Сите тие од Тебе чекаат да им да­деш храна навреме.

28Им даваш – примаат, ја отвораш ра­ката Своја – се наситуваат со блага;

2929,7; 89,3; 145,4; 1 Мојс 3,19; Јов 34,14-15; Проп 12,7; Мудр 2,3го одвратиш ли лицето Свое – се збунуваат, им го одземеш ли духот ни­вен – умираат и во земјата своја се вра­ќаат.

3032,6; 1 Мојс 1,2; 2,7; Дела 2,2-3Го праќаш ли духот Свој – се созда­ваат; Ти го обновуваш лицето на земјата.

31Нека пребива вечно славата на Гос­под; нека се весели Господ за делата Свои!

3217,7; 143,5Погледнува ли кон Земјата, и таа се тресе; се допре ли до горите, тие се димат.

337,17; 29,12; 62,4; 145,2Ќе Му пеам на Господ преку це­ли­от мој живот, ќе Му пеам на мојот Бог сѐ додека постојам.

3418,14Нека Му биде мила беседата моја! Ќе се веселам во Господ.

35Нека ги снема грешниците од Зем­јата, и беззаконици да нема веќе! Бла­го­словувај Го, душо моја, Господа! Али­луја!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help