Сирахова 24 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ТРЕТА ЗБИРКА ОД ПОУКИПофалба на мудроста

1 Јов 28; Изреки 1,20-33; 9,1-6; Варух 3,9–4,4 Мудроста ќе се прослави; меѓу народот свој ќе биде пофалена.

2Во собирот на Севишниот устата своја ќе ја отвори и пред Неговите сили таа ќе се прослави:

31 Мојс 1,2; Изреки 2,6„Јас излегов од устата на Севишниот и како пареа ја покрив земјата;

41,1; 2 Мојс 13,21-22; Изреки 8,27во висините шатор раширив; прес­то­лот мој во столбот од облак го поставив;

5Јов 22,14; Изреки 8,27кругот небески го изминав, одев во длабините на бездната.

6Мојата власт е над морските брано­ви и над сета земја, над секој народ и племе.

7Почивка барав меѓу сите нив: во чие наследство да се вселам.

8Пс 131,8.13-14Тогаш Создателот на сѐ, Оној, Кој и мене ме создаде, ми посочи жи­ве­а­лиш­те спокојно и рече:

9‚Всели се кај Јаков, стани му наследство на Израил.‘

101 Мојс 1,1; Изреки 8,23; Јн 17,5Пред векови, во почетокот, Тој ме создаде, и нема да свршам довека.

1145,15Пред Него служев во светата ски­нија, а потоа на Сион се утврдив.

122 Мојс 15,17; Пс 47,1-2; 67,17; 131,14Тој спокој ми даде во саканиот град; во Ерусалим е мојата власт.

13Така се вкоренив во прославениот народ, во делот на Господа, во наследството Негово.

1450,10; Пс 36,35Израснав како кедар на Ливан и ка­ко кипарис на горите ермонски.

15Израснав како палма во Ен-Геди и како розова градина во Ерихон;

16како прекрасна маслина во рамнината и како јавор се извишив.

172 Мојс 30,7; 30,23-25.34; Изреки 7,17; Песна 1,13Мирис раширив како цимет и сла­домиризлив балзам; мирис благопријатен, распрснав како смирна избрана,

18ка­ко алаван, оникс и стактит и како мирис од темјан во скинијата.

19Како теревинт ги раширив моите гранки, а гранките мои се прекрасни – гранки на слава и благодат.

20Јас сум како лоза што благодат ра­ѓа, плод на слава и богатство се цвето­вите мои.

21Дојдете кај мене вие што ме сакате, наситете се со моите плодови;

22Пс 18,10споменот за мене посладок е од мед, Наследството мое – саќе е од мед.

23Јн 4,13-14Оние што ме јадат – погладни ќе би­дат, а оние што ме пијат – пожедни за мене ќе бидат.

24Пс 24,2Кој мене ме слуша – не се посрамува; кој со мене работи – никогаш не гре­ши.

Мудроста и законот Божји

25 2 Мојс 24,7; 5 Мојс 33,4; Пс 77,5; Варух 4,1 Сето ова е книга на заветот со Бога Севишен,

26законот што Мојсеј ни го даде за наследство на заедниците од Јаков.

271 Мојс 2,11Тој со мудрост е полн како реките Пишон и Тигар во пролетните денови;

28Ис.Н. 3,15тој со разум исполнува како Еуфрат и Јордан во време на жетва;

291 Мојс 2,13тој исполнува со поука како светлина и како Гион во време на гроздобер.

30Ер 2,8Првиот човек не ја позна докрај, не ќе ја доиспита ни последниот.

31Пс 118,96Мислите нејзини пошироки се од морето, а намерите подлабоки од бездна.

32Ис 58,11; Јн 4,14А јас сум како канал од река и како воден бран што влегува во градина.

33Ис 11,9; Ез 47,1-12; Јн 7,38И реков: ‚Градината моја ќе ја на­појам и леите цветни ќе ги наводнам.‘

34И ете, каналот мој стана река, а реката настана море.

35Пс 35,9Како светлина утринска учењето мое ќе светлее, надалеку ќе го по­ка­жам,

36како пророштво ќе го излијам, на идните родови ќе им го оставам.

3733,18Гледате: не само за себе се трудев, туку и за сите што мудроста ја бараат.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help