1 99,5; 106,1; 117,1.29; 134,3; 135,1; Ер 33,11; 1 Езд 3,11; 1 Лет 16,34 Алилуја! Славете Го Господа, зашто е добар, зашто Неговата милост е вечна.
2Сир 18,2-4Кој ќе ја искаже силата на Господ, кој ќе ја разгласи сета похвала Негова?
3111,1-10; Ис 56,1-2; Јк 1,25Блажени се оние што се држат до правдата и вршат праведност во секое време.
424,7; Неем 5,19; 12,13.21.30; Јудита 4,15Сети се на мене, Господи, во благоволението Свое кон Твојот народ; помогни ми кога ќе ги спасуваш нив,
5за да ги видам во добрини Твоите избраници, за да се развеселам со веселбата на Твојот народ, за да се пофалам заедно со Твоето наследство.
677,11-17; 3 Мојс 26,40; 3 Цар 8,47; Дан 9,5Згрешивме ние и татковците наши, правевме беззаконија, постапувавме нечестиво.
777,11; Неем 9,17Нашите татковци во Египет не ги ценеа Твоите чудеса, не ги помнеа многуте милости Твои и се побунија кога се приближија до Црвеното Море.
822,3; 24,11; 30,3; 108,21; Ис 48,9-11; Ез 20,9.14; 36,21-22; 39,25Но Тој ги спаси заради името Свое, за да им ја покаже силата Своја.
965,6; 2 Мојс 14,21-22; Ис 63,13; Наум 1,4Му се закани на Црвеното Море, и тоа се исуши; и ги преведе по бездните како по пустина;
10106,2; 2 Цар 22,18; Лк 1,71и ги спаси од рацете на оние што ги намразија и ги избави од рацете на непријателите.
112 Мојс 14,27-28; 14,4-5Водите ги покрија нивните непријатели; не остана ниеден од нив.
122 Мојс 14,31; 14,1-21И тие поверуваа на зборовите Негови и Му испеаја похвала.
13Плач 3,26Но тие набргу ги заборавија делата Негови, не го дочекаа Неговото решение;
1477,18; 94,9; 2 Мојс 15,24; 15,3; 4 Мојс 11,4-6се занесоа од похотливоста во пустината, па Го искушуваа Бога во безводната земја.
154 Мојс 11,33Тој го исполни нивното барање, но прати и пораз за душите нивни.
16Му позавидоа на Мојсеј во логорот и на Арон, светецот Господов.
174 Мојс 16,32; 5 Мојс 11,6Се отвори земјата, го голтна Датан и ја покри дружината на Авирон.
184 Мојс 16,35; Ис 26,11; Евр 10,27И пламна оган врз нив, и пламенот ги изгори нечестивите.
192 Мојс 32; 5 Мојс 9,8-21; 9,24-28Направија теле на Хорев и му се поклонија на идолот.
20Ер 2,11; Рим 1,23Ја заменија својата слава со лик на теле, што јаде трева.
2177,43; 104,27; 5 Мојс 32,18; Ер 2,32; Дела 7,36Го заборавија Бога, својот Спасител, Кој изврши големи дела во Египет,
22чудеса во Хамовата земја, страшни дела при Црвеното Море.
232 Мојс 32,7-14; 4 Мојс 14,11-20; 5 Мојс 9,25-29; Ер 15,1; Ез 22,30И рече дека ќе ги истреби, но Мојсеј, Неговиот избраник, се застапи за нив во пукнатината, за да ја одврати јароста Негова, та да не ги погуби.
244 Мојс 13,26-34; 14,1-37; 5 Мојс 1,25-36Тие ја презреа саканата земја, не Му веруваа на зборот Негов;
254 Мојс 14,2; 5 Мојс 1,27и роптаа во шаторите свои, не го послушаа гласот Господов.
263 Мојс 26,33; 4 Мојс 14,30; 5 Мојс 1,34-35; Ез 20,6; 20,14.22Тој крена рака и им се заколна дека ќе ги погуби во пустината,
273 Мојс 26,33; 5 Мојс 4,27; Ез 20,23ќе го расее нивното семе меѓу народите и дека ќе ги растури по земјите.
284 Мојс 25; 5 Мојс 26,14Тие се придружија кон Ваал-Фегор и јадеа жртви, принесувани на мртви,
294 Мојс 25,3-9; 1 Кор 10,8Го дразнеа Бога со делата свои, и на нив падна погибел.
304 Мојс 25,7-13; Сир 45,23-24; 1 Мак 2,26Но стана Пинеас, се зазеде и поморот престана.
314 Мојс 25,11-13И тоа му се прими за праведност од род во род довека.
3280,7; 94,8-9; 2 Мојс 17,1-7; 4 Мојс 20,2-13; 5 Мојс 1,37; 32,51-52И Го разгневија Бога кај водите на Мерива, и Мојсеј настрада заради нив,
33Ис 63,10зашто тие го огорчија духот негов, и тој згреши со устата своја.
342 Мојс 23,32-33; 33,10-15; 5 Мојс 7,1.16; Суд 1,21-33; 2,2; 3,4-5Не ги истребија народите, за кои им беше рекол Господ,
353 Мојс 18,3; Суд 2,12.17.19; 3,4-5туку се смешаа со незнабошците и свикнаа на нивните дела;
362 Мојс 23,33; 5 Мојс 7,16; Суд 2,3.12; Ис.Н. 23,13; Мудр 14,11им служеа за нивните идоли, кои им станаа замка,
372 Мојс 34,16; 3 Мојс 18,21; 5 Мојс 32,17; 4 Цар 16,3; 16,17; 20,5; 22,10; Ис 57,5; Ер 3,6-8; 7,30; 18,3-4; 31,35; Ез 16,20; 20,29; Варух 4,7; 1 Кор 10,20и ги жртвуваа синовите свои и ќерките свои на злите духови;
38и проливаа невина крв, крвта на синовите свои и на ќерките свои, што им ги жртвуваа на хананските идоли, па земјата се извалка од таа крв;
39се осквернија со делата свои, блудствуваа со постапките свои.
40Суд 2,11-19; Ис 63,7-9Се разгоре гневот на Господ против Неговиот народ, и Му омрзна наследството Негово,
41па ги предаде во рацете на непријателите и завладеаја над нив оние што ги мразеа.
42Непријателите нивни ги угнетуваа, и тие се покоруваа под нивната рака.
43Многупати ги избавуваше, но тие беа бунтовни со своите намери, па беа понижени поради своите беззаконија.
44Па сепак, Тој погледна на нивната потиштеност, кога ги слушаше нивните молби,
453 Мојс 26,42; 3 Цар 8,50; Ер 42,12; 1 Езд 9,9; Лк 1,72си спомна на Својот завет со нив, се сожали поради големата милост Своја;
46па поттикна сожалување спрема нив кај оние што ги беа заробиле.
475 Мојс 30,3; 1 Лет 16,35-36; 2 Мак 1,27Спаси нѐ, Господи, Боже наш, и собери нѐ од незнабошците за да го славиме Твоето свето име, да се фалиме со Твојата слава!
4888,52; Јудита 13,20; Лк 1,68; Откр 19,4Нека е благословен Господ, Бог Израилев, отсекогаш засекогаш! И сите луѓе нека велат: Амин! Амин! Алилуја.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.