Изреки 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 28,6 Подобро сиромав, кој оди во своја­та непорочност, отколку богат со лажлива уста, притоа и глупав.

221,5; 28,20; 29,20Не ѝ е добро на душата без знаење; а кој брза со нозете, се сопнува.

311,3Глупавоста на човекот му го искри­вува патот негов, а срцето негово негодува против Господ.

414,20; 19,7Богатството собира многу прија­те­ли, а сиромавиот го напушта и прија­те­лот негов.

56,19; 19,9; 21,28Лажниот сведок нема да остане не­казнет, и кој говори лага, нема да се спаси.

618,16; 21,14; 29,26Мнозина им се умилкуваат на големците, и секој му е пријател на чо­векот, кој дава подароци.

728,19Сиромавиот го мразат сите негови браќа, а уште повеќе се оддалечуваат од него пријателите: трчка по нив, за да проговори – но нив ги нема.

816,20Кој се здобива со разум, ја сака ду­шата своја; кој ја пази мудроста, наоѓа среќа.

919,5Лажниот сведок нема да остане не­казнет, а кој говори лага, ќе загине.

1026,1; 30,22На глупавиот не му прилега рас­кош, уште помалку на слуга – да госпо­да­ри над кнезови.

1114,29; 16,32Благоразумноста го прави човекот бавен на гнев, и за него е чест да биде попустлив кон грешките.

1216,14; 20,2Гневот на царот е како лавовско ри­кање, а милоста негова – како роса по трева.

1317,25; 21,9; 27,15Глупав син е пропаст за татко си, и жена кавгаџика е како незапирлива капка од стреа.

1418,22Куќата и имотот се наследуваат од родителите, а разумна жена е дар од Господ.

156,9; 10,4; 20,4; 23,21Мрзливоста тера во сон, а немарна душа трпи глад.

1613,13; 15,10; 16,17Кој пази заповед, ја запазува душа­та своја, а кој не се грижи за своите па­тишта, ќе загине.

1714,31; 28,27; Мт 25,40Кој прави добро на сиромав, заем Му дава на Господ, и Тој ќе му плати за неговата добрина.

1813,24; 23,13; 29,15.17Казни го синот свој, додека има на­деж, и не се возбудувај од викањето не­гово.

1915,1.18Гневниот нека трпи казна, зашто ако го пожалиш, ќе треба да го казниш уште повеќе.

208,33; 12,15Слушај совет и примај поука, за да станеш потоа мудар.

2116,9Во срцето на човекот има многу мисли, но се извршува само определена­та од Господ.

223,3-4Радост за човекот е неговата ми­лос­тина; подобро да бидеш сиромав от­кол­ку лажливец.

2314,27Стравот Господов води кон живот, и кој го има, секогаш ќе биде задоволен, и зло нема да го снајде.

2426,15Мрзливиот ја пружа раката кон храната, но не сака да ја подигне до ус­тата своја.

2521,11Ако го казниш оној што се потсмева, и простиот ќе стане разумен; и ако му укажеш на разумниот, тој ќе ја раз­бере поуката.

2610,5; 28,24Кој го упропастува татко си и ја на­бркува мајка си, тој е бесрамен и нече­сен син.

2710,17Немој, синко, да слушаш совети што те отстрануваат од зборовите на разумни.

284,17Лукавиот сведок се потсмева со судот, и устата на беззакониците голта неправда.

2910,13; 26,3Готови се судовите за горделивите, и ударите за телото на безумните.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help