Исаија 66 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Вистинска побожност

1 57,15; 60,13; 3 Цар 8,27; Пс 102,19; Мт 5,35; Дела 7,49-55 Вака вели Господ: небото е Мој престол, а земјата – подножје на нозете Мои; каде тогаш ќе изградите дом за Мене, каде е местото на Мојот спокој?

2Ер 14,22; Пс 23,1-2; Јов 12,9Зашто, сето тоа го создаде Мојата рака, и сето тоа е Мое, вели Господ. А еве на кого ќе погледнам: на понизниот и скршениот по дух и на оној што тре­пери пред Моето слово.

341,29; 57,5; 65,4А кој коле вол, е исто, како оној што убива човек; кој принесува јагне за жрт­ва, е исто, како оној што задушува ку­че; кој принесува дар, е исто, како оној што принесува свинска крв; кој кади темјан, е исто, како оној што се моли на идол. Тие го избрале тоа на своите па­тишта, и душата нивна наоѓа задоволство во одвратностите нивни, –

450,2; 65,12; Ер 7,13така и Јас ќе ја употребам нивната измама и ќе го испратам врз нив она, што е за нив ужасно; зашто викав – и немаше кој да одговори, говорев – и тие не слушаа, а вршеа зло пред очите Мои и го избираа она што Ми беше неугодно.

Господ ќе му помогне на Ерусалим

5 65,14; Лк 6,22 Чујте го словото на Господ вие, што треперите пред словото Негово: вашите браќа, кои ве мразат и кои ве гонат за­ради Моето име, велат: „Нека се јави Господ во Својата слава, па да ја видиме радоста ваша.“ Но тие ќе бидат посрамени.

659,18; Ер 25,30; Откр 16,17-18Ете, шум од градот, глас од храмот, глас од Господ, Кој дава отплата на не­пријателите Свои:

749,21; Откр 12,5Уште не беше почувствувала родилни маки, и роди; пред да настапат бол­ки­те нејзини, роди син.

864,3Кој слушнал такво нешто? Кој ви­дел слично на тоа? Никне ли од земјата во еден ден? Се раѓа ли народ наеднаш, како Сион: штотуку почна да се мачи од родилни болки, – ги роди синовите свои?

9Зар Јас кога ќе ја отворам утробата на мајката – таа нема да роди, вели Гос­под. Или Јас Кој давам да се роди, ќе ја заклучам ли утробата? – вели твојот Бог.

1061,3; 65,18-19; Соф 3,17; Јн 16,20Развеселете се со Ерусалим и радувајте се за него сите што го сакате! Радувајте се со него радосно сите што тагувавте по него,

11за да се храните и наситувате од градите на утехите негови, да се опива­те и насладувате од изобилната слава негова.

1248,18; 61,6Зашто вака вели Господ: „Ете, ќе навртам кон него мир како река, и богатство на народите – како поток, кој се разлива, за ваша наслада; на раце ќе ве носат и на колена ќе ве милуваат.

1349,15; 51,12Како што некого го утешува мајка, така ќе ве утешам и Јас; ќе бидете уте­шени во Ерусалим.

1465,8.13-15; Изреки 11,28; Јн 16,22И ќе го видите тоа, и ќе се зарадува срцето ваше, и коските ваши ќе цутат како свежо растение, и раката на Гос­под ќе се јави врз слугите Негови, а на непријателите свои Тој ќе се разгневи.

15Ер 4,13; Пс 49,3; 2 Сол 1,8Зашто, ете, ќе дојде Господ во оган, и колите Негови – како виор, за да го из­лее гневот свој со јароста и заканата Своја – со пламнат оган.

1664,1; Ер 25,33Зашто Господ ќе суди со оган и со мечот Свој над секоја плот, и многумина ќе бидат убиени од Господ.

1764,3-4Оние, што се посветуваат и очистуваат во градините еден по друг, кои јадат свинско месо и гадотии и глувци, – сите ќе загинат вели Господ.

Закана, но и ветување

18 40,5; 60,1-3; Ез 34,13; Мт 24,31; 25,32 Зашто Јас ги знам делата нивни и мислите нивни; ете, ќе дојдам да ги со­берам сите народи и јазици, и тие ќе дој­дат и ќе ја видат славата Моја.

1952,15; Ер 46,9И ќе ставам на нив белег, и од пре­живеаните меѓу нив ќе испратам кон народите: во Тарсис, во Пул и Луд, мај­стори за оптегнување лак, во Тувал и во Јаван, и во далечните острови, кои не чуле за името Мое и не ја виделе славата Моја; и тие ќе им ја објават на народите славата Моја,

2060,4-9; Соф 3,10; Варух 5,6и ќе ги претстават сите ваши браќа од сите народи како дар на Господ на коњи и коли, на носилки, на маски и на брзи камили, – на Мојата света гора, во Ерусалим, вели Господ, – исто како што синовите Израилеви принесуваат дар во домот Господов во чист сад.

2156,3-7; Откр 1,6И од нив ќе земам свештеници и ле­вити, вели Господ.

2265,17Зашто, како што новото небо и но­вата земја, кои Јас ќе ги создадам, ќе бидат секогаш пред лицето Мое, вели Господ, така ќе постои и потомството ваше и името ваше.

23Пс 21,27Тогаш од месец на месец, и од сабо­та во сабота ќе доаѓа секоја плот пред лицето Мое на поклонение, вели Господ.

24Јудита 16,17; Сир 7,17; Мк 9,43-48И ќе излегуваат и ќе ги видат тру­повите на луѓето што отстапиле од Ме­не; зашто црвот нивни нема да умре, ни­ту огнот нивни ќе угасне и ќе бидат од­вратност за секоја плот.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help