1Кога правиш добро, знај кому му го правиш, и ќе ти благодарат за твоите добрини.
25 Мојс 14,29Прави му добро на побожниот и награден ќе бидеш; ако не од него – од Севишниот.
3Нема добро за оној кој постојано прави зло и за оној што милостина не дава.
4Давај му на побожниот; на грешниот не помагај.
5Мт 5,43-48; Лк 14,12-14Прави му добро на понизниот, не давај му ништо на безбожниот, леб не давај му, за да не стане посилен од тебе.
6Мт 5,45; Лк 6,35Тој ќе ти плати за твоето добро со двојно зло; Севишниот ги отфрла грешниците и им се одмаздува на безбожниците.
7На добриот давај му; грешник не помагај.
Чување од лажни пријатели8 6,5-17; Изреки 19,4 Пријателот во добро не се познава, а во злото непријателот не може да се сокрие.
9Кога ни е добро – непријателите се тажни, а кога сме во зло – и пријателите бегаат од нас.
10Изреки 26,24-26На непријателот не верувај му никогаш, зашто неговата злоба е слична на бакар покриен со патина;
11Изреки 26,24-25и кога е понизен, и кога наведнат оди, пази ја од него душата своја и ќе бидеш пред него како огледало чисто: ќе видиш дека од отровната патина не е очистен докрај.
12Не ставај го до тебе, за да не те истурка и местото твое да го заземе; не ставај го од твојата десна страна, за да не ти го земе твоето место. Најпосле ќе ги разбереш моите зборови; со тага ќе си спомнуваш за поуките мои.
13Кој ќе се сожали над змијарот што змија го каснала и над оние што на ѕверови диви се приближуваат? И оној што со грешник се дружи – во неговите гревови учествува.
14Додека цврсто стоиш, тој не се открива, но кога еднаш ќе паднеш, – веднаш ќе те нападне.
15На непријателот зборовите се слатки, а во срцето смислува в бездна да те турне; во очите свои солзи ќе има, а кога ќе може – ни крв не го заситува.
16Ер 9,7; Изреки 26,24-26А ако те снајде зло, тој таму е пред тебе:
17Мт 10,16и небаре да ти помага, нога ќе ти подметне.
18Ќе врти со глава, ќе крши раце, ќе негодува и ќе го менува лицето.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
