Проповедник 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1И спомнувај си за твојот Творец во дните на младоста своја, додека не дошле тешки денови, додека не настанале години, за кои ќе речеш: „Не ми се мили“;

2додека сонцето и светлината на ме­сечината и на ѕвездите не потемнеле, и не дошле нови облаци по дождот;

3додека не настапил оној ден, кога куќните стражари ќе затреперат, и сил­ни­те мажи ќе се подгрбават, кога воде­ничките ќе престанат да мелат, бидејќи останале малку; кога ќе се помрачат оние, што гледаат низ прозорец;

4кога портата ќе почне да се затвора; кога ќе замолкне шумот на рачните мелници, и кога човек ќе почне да ста­нува на птичји глас, и ќерките – пејачки ќе сопрат да пеат;

5кога висините за нив ќе бидат стра­ш­ни, и по патот ќе има ужаси; кога ќе процути бадемот, и скакулецот ќе стане тежок, и желбата ќе помине; заш­то човекот заминува во вечниот дом свој, и тажачките се готови да го оп­кру­жуваат по улица;

6додека не се скине конецот сребрен, и не се скрши златната чаша, и не се растури ведрото при изворот, и не падне тркалото на бунарот.

73,20; Сир 40,11И ќе се врати правот во земјата, ка­ко што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал.

81,2Суета над суетите, вели проповедни­кот, сѐ е суета!

Заклучок

9Проповедникот не само што беше мудар, туку и го учеше народот на муд­рост. Тој сѐ испитуваше, изучуваше и остави многу мудри изреки.

10Проповедникот се трудеше да најде убави мисли и точно ги запиша збо­ро­вите на вистината.

11Зборовите на мудреците се како ос­тени; како забиени клинци се нивните зборови, дадени од единствениот Пас­тир.

12А освен сето тоа, синко, пази се и од ова: да пишуваш многу книги – тоа нема крај, а да читаш многу – и тоа е за­морно за телото.

13Сир 1,13-26А суштината на сѐ е: имај страв од Бога и пази ги Неговите заповеди, заш­то тоа му е сета должност на човекот;

143,17зашто Бог ќе ја изведе на суд секоја работа, и што е тајно, било да е добро или лошо.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help