Еремија 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Еремија повикан за пророк

1 32,7 Зборови на Еремија, – син на Хелкија, еден од свештениците кој жи­вееше во Анатот, во земјата Венија­ми­нова, –

2кому му беше упатено слово Гос­по­дово во времето на Јошија, син на јудеј­скиот цар Амон, во тринаесеттата го­ди­на од царувањето негово,

352,15а и во деновите на Јоаким, синот на јудејскиот цар Јошија, до крајот на единаесеттата година од царувањето на Се­декија, син на јудејскиот цар Јошија, до поробувањето на Ерусалим во петтиот месец.

Нашите ограничени способности не се пречка за Бога

4И ми беше упатено слово Господово:

5Амос 3,2; Јн 10,27; Ис 42,1„Пред да те обликувам во утробата, Јас те познавав, и пред да излезеш од утробата, те посветив: те поставив за пророк на народите.“

6Јас, пак, одговорив: „О, Господи Бо­же, не умеам да говорам, зашто сум уште млад.“

7Ис 6,7-8; Ез 2,3-7Но Господ ми рече: „Не вели: – млад сум; – зашто до сите до кои ќе те ис­пра­там ќе одиш и сѐ што ќе ти заповедам ќе кажеш.

81,19Не плаши се од нив; зашто Јас сум со тебе, за да те избавам“, рече Господ.

9Ис 6,7; Ез 2,9; Дан 10,16И ја протегна Господ раката и се допре до устата моја; и ми рече Господ: „Ете, Јас ги ставив Моите зборови во устата твоја.

10Сир 49,7; Дела 9,15Гледај, Јас те поставив денес над на­роди и царства, за да искоренуваш и разурнуваш, да погубуваш и да раз­ру­шуваш, да ѕидаш и да насадуваш.“

11Амос 8,2И пак беше упатено слово Гос­по­до­во до мене: „Што гледаш, Еремија?“ Одговорив: „Гледам гранка од бадемово дрво.“

1231,28; Дан 9,14; Варух 2,9Господ ми рече: „Добро гледаш, зашто Јас бдеам над Моето слово, за да се изврши.“

13И по вторпат беше упатено слово Господово кон мене: „Што гледаш?“ Одговорив: „Гледам котел што врие, а отворот му е кон север.“

14И ми рече Господ: „Од север ќе бук­не злото врз сите луѓе што живеат на земјата.

1525,9; Ис 5,26Зашто, ете, Јас ќе ги свикам сите племиња на северните царства – вели Господ – и тие ќе дојдат, и секој ќе го постави престолот свој при влезот на ерусалимските порти, околу сите ѕи­дишта негови и во сите јудејски гра­до­ви.

162,13; 4,12; 44,3И ќе го изречам судот Свој врз нив за сите нивни беззаконија, затоа што Ме оставија и кадеа темјан на други богови и им се поклонуваа на идоли, дела од нивните раце.

1725,6; 4 Цар 22,17А ти препаши ги бедрата свои и стани, та кажи им сѐ, што ќе ти за­по­ве­дам; не треси се пред нив, за да не те стресам Јас пред очите нивни.

1815,20; Ис 50,7; Ез 3,8; Мих 3,8И ете, Јас те поставив денес како утврден град, како железен столб и ка­ко бронзен ѕид против сите цареви Ју­ди­ни и кнезовите на целата таа земја, против свештениците негови и против народот на таа земја.

1915,20; Соф 3,14-18Тие ќе војуваат против тебе, но нема да те победат; зашто Јас сум со тебе, за да те избавувам“ – вели Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help