1 103,1.35; 145,1; Тов 13,9 Благословувај Го, душо моја, Господа, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име!
2Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној,
331,1-2; 77,38; 2 Мојс 15,26Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести;
485,13; 106,20; Јов 33,18Кој го избавува од пропаст твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини.
5Ис 40,31Кој го исполнува со добра животот твој, како на орел ти ја обновува твојата младост.
6Господ им дава милост и правда на сите угнетени.
7Тој му ги покажа Своите патишта на Мојсеј, на Израилевите синови – делата Свои.
885,15; 144,8; 2 Мојс 20,5-6; 4 Мојс 14,18; 5 Мојс 5,10; Јоил 2,13; Јона 4,2; Неем 9,17; Јк 5,11Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив;
9Ис 57,16; Ер 3,4-5.12; Јоил 2,13; Јона 4,2Тој не се гневи до крај, ниту вечно се лути.
10Ез 20,44Тој не постапува со нас според нашите беззаконија и не ни плаќа според нашите беззаконија;
1135,5; 56,10; 116,2; Ис 55,9зашто, колку е големо растојанието од небото до Земјата, толку е голема милоста на Господ спрема оние што се бојат од Него;
12Мих 7,19колку е далеку исток од запад, толку ги оддалечува Тој од нас нашите престапи;
13144,9; Ер 31,20; Мал 3,17како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.
1421,29; 89,3; 103,29; 1 Мојс 2,7; 3,18; Ис 40,7-8; Јов 10,9; Проп 12,7Зашто Тој го знае нашиот состав, помни дека сме прав.
1590,5-6; 101,11; Ис 40,6-7; 50,11; Јов 14,2; Сир 14,18Дните на човекот се како трева; како полски цвет, така прецутува тој;
1636,36; Јов 7,10; 8,17ќе дувне ли над него ветар, и веќе го нема, и местото негово веќе не го памети.
1724,6; 99,5; Лк 1,50А милоста на Господ е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него, и правдата Негова е од чеда на чеда,
185 Мојс 33,9кои го чуваат заветот Негов и ги помнат заповедите Негови.
1910,4; 21,28; 46,8; 144,11-13; Ис 66,1; Авд 1,21Господ го поставил Својот престол на небото, и царството Негово владее над сѐ.
20148,2; Дан 3,58; Лк 1,19Благословувајте Го Господа – сите ангели Негови, вие крепки по сила, кои го извршувате Неговиот збор, слушајќи го гласот од зборот Негов;
21148,2благословувајте Го Господа – сите Негови војски, Негови служители, кои ја исполнувате волјата Негова;
22144,10; Дан 3,57благословувајте Го Господа сите Негови дела, по сите места на Неговото владеење. Благословувај Го, душо моја, Господа!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.