1 2 Мојс 12 Кога Израил излезе од Египет, домот Јаковов – од туѓ народ,
277,54; 2 Мојс 15,17; 18,5; Ер 2,3Јудеја стана Божјо светилиште, Израил област Негова.
365,6; 73,14-15; 76,16; Ис.Н. 4,7; Суд 5,4Морето виде и избега; Јордан се врати назад.
428,6; 67,8; Мудр 19,9Горите се разиграа како овни, и ритчињата – како јагниња.
5Што ти стана тебе море, па бегаш, и тебе, Јордане, па назад се враќаш?
6Зошто се разигравте, гори, како овни, и вие, ритчиња, како јагниња?
767,8; 95,9; 98,1; Суд 5,4Трепери Земјата пред лицето на Господ, пред лицето на Бога Јаковов,
8104,41; 106,35; 2 Мојс 17,1-7; 5 Мојс 8,15; 1 Кор 10,4Кој камен претвора во водно езеро и карпа – во воден извор.
922,3; Ис 48,11; Ез 36,22
32,20Не нам, Господи, не нам, туку на Своето име дај му слава, заради Твојата милост, заради Твојата вистина,1041,3; 78,10; Јоил 2,17да не речат незнабошците: „Па каде е нивниот Бог?“
11134,6; Јона 1,14; Јов 23,13; Мудр 12,18Нашиот Бог е горе на небесата; врши сѐ, што сака.
12А идолите на незнабошците се сребро и злато, дело на човечки раце:
13134,15-18; 5 Мојс 4,28; Ис 44,9-20; 45,5-6; Ер 10,1-2; 2 Лет 32,19; Мудр 13,10; 14,15; Посл 1,3.7; Откр 9,20уста имаат, а не зборуваат, очи имаат, но не гледаат;
14имаат уши, но не слушаат; имаат ноздри, но не мирисаат;
15раце имаат, но не пипаат; нозе имаат, но не одат; тие не пуштаат глас од грлото свое.
16Слични на нив се и оние што ги прават, такви се и оние што се надеваат на нив.
17Мудр 14,8Доме Израилев, надевај се во Господ; Тој е наш помошник и заштитник.
18Доме Аронов, надевај се во Господ; Тој е наш помошник и заштитник.
19129,7Вие кои се боите од Господ, надевајте се во Господ; Тој е ваш помошник и заштитник.
20Господ се сеќава на нас и нѐ благословил, го благословил домот Израилев, го благословил домот Аронов,
21ги благословил оние, кои се бојат од Господ, мали и големи.
22Нека ви придаде Господ вам повеќе, вам и на вашите деца.
23Ер 31,34; Мудр 6,7; Откр 11,18; 18,4Благословени да сте од Господ, Кој ги создаде небото и земјата.
241 Мојс 1,28Небесата се Господови небеса, а земјата Тој им ја даде на синовите човечки.
256,5; 93,17; Ис 38,18-19; Варух 2,17Не ќе Те слават мртвите, Господи, ниту оние, што слегуваат во местото на молкот,
26112,2туку ние живите ќе Го благословуваме Господа отсега и засекогаш.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
