1Потоа царот Ксеркс ѝ наметна данок на земјата и на морските острови.
23 Цар 15,23; 16,5.27; 22,46; 4 Цар 10,34; 14,15Сите дела на силата негова и моќта негова и подробниот приказ за големината на Мардохеј, со која царот ги возвеличи, се запишани во книгата за дневни белешки на мидиските и персиските цареви,
3како и тоа дека Јудеецот Мардохеј беше втор по царот Ксеркс, велик кај Јудејците и љубен од многу свои браќа, зашто му го мислеше доброто на својот народ и говореше за доброто на целото свое племе.
4а И рече Мардохеј: „Од Бога стана тоа,
4б зашто се сетив на сонот што го видов за тие настани; од него не остана ништо неисполнето.
4в Малиот извор стана река, и стана светлина и сонце и голема вода; таа река е Естира, која царот ја зеде за своја жена и ја направи царица.
4г А двата змеја – тоа сме јас и Аман;
4д народите – тоа се тие што се беа заканиле да го истребат името на Јудејците,
4ѓ а мојот народ – тоа се Израилците, кои повикаа кон Бога и беа спасени. И го спаси Господ Својот народ, и нѐ избави Господ од сите тие лошотии; направи Бог чуда и чудеса големи, какви што не станувале меѓу незнабошците.
4е Така Бог устрои две ждрепки – едната за Божјиот народ, а другата – за сите незнабошци;
4ж и излегоа тие две ждрепки во час и време и во ден суден пред Бога и пред сите незнабошци.
4з И се сети Господ за Својот народ и ги оправда Своите наследници.
4ѕ Затоа ќе се празнуваат тие дни во месецот адар, во четиринаесеттиот и петнаесеттиот ден на тој месец, со свеченост, со радост и веселба пред Бога во вечни родови на народот Негов Израил.“
4и Во четвртата година од царувањето на Птоломеј и Клеопатра, Доситеј, кој, велат, бил свештеник и левит, и Птоломеј, син му, го донесоа во Александрија ова послание за Пурим, кое, велат, го превел Лизимах, Птоломеев син, кој беше од Ерусалим.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
