1И повторно дојде словото Господово до Јона, велејќи му:
2„Стани и појди во градот Ниневија, големиот град и проповедај му го она што ќе ти кажам.“
3Стана Јона и отиде во Ниневија по заповед на Господ; а Ниневија беше многу голем град: три дена одење.
4И Јона почна да оди по градот, колку што можеше да се изоди за еден ден, и проповедаше, велејќи: „Уште четириесет дена и Ниневија ќе биде разурната!“
5Мт 12,41; Лк 11,30.32И поверуваа Ниневјаните во Бога, прогласија пост и се облекоа во вреќи, мало и големо.
6Ез 26,16Таа проповед дојде и до царот на Ниневија, и тој стана од престолот свој, ја соблече царската облека, се облече во вреќиште и седна во пепел,
7па заповеда да се прогласи и да се каже во Ниневија од името на царот и од неговите големци, ни луѓето, ни добитокот, ни воловите, ниту овците да не јадат ништо и да не одат на пасење и да не пијат;
8Ез 27,30-31; Јов 16,17; Јудита 4,10и луѓето и добитокот да бидат покриени со вреќишта и силно да извикуваат кон Бога: секој да се откаже од својот лош пат и од неправдите што ги вршел.
9Јоил 2,14; Амос 5,15Кој знае, можеби Бог ќе се смилостиви и ќе го отфрли од нас Својот разгорен гнев, и така да не загинеме.
101 Мојс 6,6; Ер 26,3; Мт 12,41И ги виде Бог нивните дела дека тие се одвратија од својот лош пат, па се сожали по однос на злото, за кое беше рекол дека ќе го нафрли врз нив, и не го нафрли.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
