1 4,5; 2 Мојс 20,6; 5 Мојс 30,16; Пс 118,61 Синко, не заборавај ја поуката моја и срцето твое да ги чува заповедите мои;
23,16; 4,10; 9,11; 10,27; Пс 90,16; 118,165зашто тие ќе ти придадат долги дни, години на живот и мир.
31,9; 6,21; 7,3; 14,22; 5 Мојс 6,8; Ер 17,1; 2 Кор 3,3Милоста и вистината да не бидат скудни во тебе: обеси ги на вратот свој, напиши ги врз плочите на срцето свое,
48,35; 1 Цар 2,26; Пс 110,10; Лк 2,52; Рим 12,17па ќе најдеш милост и благоволение пред очите на Бога и на луѓето.
522,19; 23,4; Ис 5,21; Ер 9,24; Пс 36,3.5Надевај се на Господ од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум.
616,3; Ис 45,13; 1 Лет 28,9По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки.
78,13; 16,6; Јов 28,28; Рим 12,16Не сметај се за мудрец; имај страв од Господ и бегај од злото:
84,22; 9,11тоа ќе биде здравје за твоето тело и лек за твоите коски.
92 Мојс 23,19; 5 Мојс 26,2; Ис 43,23; Мал 3,10Давај Му принос на Господ од имотот твој и од првините на плодовите од твоите придобивки,
105 Мојс 28,8; Јоил 2,24и твоите житници ќе се исполнат до врвот, а твоите преси ќе се прелеваат од вино.
11Јов 5,17; Евр 12,5Не занемарувај ја, синко, казната од Господ, и да не ти е тешко од Неговото укорување;
125 Мојс 8,5; Јудита 8,23; Тов 12,13; Откр 3,19зашто кого Господ го сака, него и го кара, како и таткото синот свој што го љуби.
Мудрост и среќа13 8,32-36; Сир 25,11 Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост, и човек, што спечалил разум;
148,19; 16,16; Јов 28,15; Мудр 7,9подобро е да ја добиеме неа, отколку ризници со сребро и злато;
158,11; Јов 28,18таа е поскапа и од скапоцените камења; и сѐ што ти е мило, не може да се спореди со неа.
163,2; 8,18; 22,4; Пс 111,3Во десницата нејзина е долговечноста, а во левицата ѝ е богатството и честа;
16а од устата ѝ излегува правда, закон и милост носи на јазикот,
1716,7; Пс 118,165патиштата нејзини се пријатни патишта, и сите патеки нејзини се спокојни.
1811,30; 13,12; 15,4; 1 Мојс 2,9; Откр 2,7Таа е дрво на животот за оние, што ја придобиваат, и блажени се, оние кои ја запазуваат.
198,27-28; Пс 103,24Господ со мудрост ја основа земјата, со разум ги утврди небесата;
201 Мојс 7,11; 5 Мојс 33,28; Јов 36,28преку Неговата мудрост се отвораат бездните, и облаците пуштаат роса.
Господ го чува мудриот21 4,21; 8,14 Синко, не испуштај ги од превид овие работи; запази ја мудроста и разумот;
221,9; 4,22; 8,35; 16,22; 21,21; 5 Мојс 32,47тие ќе бидат живот за душата твоја и украс на вратот твој;
22а ќе бидат исцеление за твојата плот, и лек за твоите коски;
234,12; 10,9; Ис 5,27; 63,13; Пс 90,12; 121,3тогаш ќе одиш безопасно по патот свој, и ногата твоја нема да се сопне.
241,33; 6,22; Пс 3,4; 4,8; Јов 11,19Кога ќе легнеш да спиеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, сонот ќе ти биде пријатен.
25Пс 90,5; Јов 5,21; 1 Птр 3,6.14Нема да се исплашиш од ненадеен страв, ниту од напад, кој доаѓа од безбожниците,
261 Цар 2,9бидејќи Господ ќе биде на сите твои патишта и ќе ја запази ногата твоја од препнување.
27Рим 13,7; Гал 6,10Не откажувај да му направиш добро на оној, кој има потреба, кога раката твоја има сила да му помогне.
283 Мојс 19,13; 5 Мојс 24,15; Сир 4,3Не вели му на пријателот свој: „Оди си и дојди пак; утре ќе ти дадам“ кога си во состојба да му помогнеш.
296,14; 14,22Не крој зло против ближниот свој, кога тој со доверба живее кај тебе.
3026,17; Рим 12,18Не карај се со човек без причина, кога не ти направил никакво зло.
314,14; 24,1; Пс 36,1Не завидувај му на човек кој постапува насилно, и не избирај ни еден од патиштата негови,
3211,20; Пс 24,14; Јов 29,4зашто на Господ Му е одвратен безбожникот, а близок е со праведникот.
3312,7; 14,11; 5 Мојс 11,28; Мал 2,2; Јов 8,6Проклетството Господово е врз домот на безбожниот, а живеалиштето на праведниот Бог го благословува.
34Јк 4,6; 1 Птр 5,5Над оние што се подигруваат, Тој им се потсмева, а на смирените им дава благодат.
3514,18; 28,10Мудрите ќе наследат слава, а безумните – срам.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.