1 Дела 5,37 Во истото време беа присутни и некои, кои Го известија за Галилејците, чија крв Пилат ја смешал со нивните жртви.
2Јн 9,2-3Исус им одговори и рече: „Мислите ли дека тие Галилејци биле најголемите грешници од сите Галилејци, па затоа така пострадаа?
3Пс 7,11-12Не, ви велам: но, ако не се покаете, сите така ќе изгинете!
4Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа највиновни од сите други што живеат во Ерусалим?
5Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.“
Парабола за неплодната смоква6 6,43-44; Мт 21,19 И ја кажа оваа парабола: „Некој човек имаше во своето лозје посадена една смоква, па дојде да бара од неа род, но не најде.
7Мт 3,10; 7,19Тогаш му рече на лозарот: ‚Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата.‘
82 Птр 3,9.15А тој му одговори и рече: ‚Господаре, остави ја и оваа година, додека да ја опкопам и ѝ ставам ѓубре;
9па, можеби ќе даде род; а ако не даде, тогаш отпосле ќе ја пресечеш.‘“
Исцелувањето на згрчената жена10 6,6 Во една од синагогите Тој поучуваше во сабота.
11Мт 8,29.31И ете, беше таму една жена која имаше дух на немоќ веќе осумнаесет години. Таа беше згрчена и никако не можеше да се исправи;
12штом ја виде Исус, ја повика и ѝ рече: „Жено, ослободена си од немоќта своја.“
134,40; Мт 9,18И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога.
146,7; 2 Мојс 20,9-10; 5 Мојс 5,13-14; Мт 12,1; Јн 5,16; 7,23; 9,14.16А старешината на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во саботен ден, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во сабота!“
1514,5; Мт 12,11Но Господ му одговори и рече: „Лицемере, не го одврзува ли секој својот вол, или магаре, од јаслите во саботен ден и не го води ли да го напои?
16А оваа ќерка Авраамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет години, зарем не требаше да се ослободи од тие ланци во сабота?“
174,15И штом го рече ова, сите што беа против Него се засрамија; и целиот народ се радуваше за сите славни дела извршени од Него.
Парабола за синаповото зрно(Мт 13,31-32; Мк 4,30-32)18 Мт 3,2; 6,10 А Тој рече: „На што прилега царството Божјо и со што да го споредам?
19Ез 17,23; 31,6; Пс 103,12; Дан 4,9.18Тоа е како синапово зрно, што го зема човек и го посадува во градината своја, каде што израстува и станува големо дрво; па и птиците небески се вгнездуваат на неговите гранки.“
Споредба со квасецот(Мт 13,33)20 1 Кор 5,6; Гал 5,9 И пак рече: „Со што да го споредам царството Божјо?
21Тоа прилега на квас што го зема жена и го става во три мери брашно, додека скисне сето.“
Тесната врата(Мт 7,13-14.21-23)22 9,51; 17,11; 19,28 И по патот за Ерусалим минеше низ градови и села и поучуваше.
23Некој, пак, Му рече: „Господи, малку ли се оние што ќе бидат спасени?“ А Тој рече:
2416,16; Мк 10,25„Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто ви велам: мнозина ќе сакат да влезат и не ќе можат.
25Мт 25,10-12Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, стоејќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: ‚Господи, Господи, отвори ни!‘ Тој ќе ви одговори и ќе ви рече: ‚Не ве познавам од каде сте!‘
26Тогаш ќе почнете да зборувате: ‚Ние јадевме пред Тебе и пиевме; и по нашите улици Ти поучуваше.‘
27Пс 6,10; 1 Мак 3,6А Тој ќе рече: ‚Ви велам: не ве познавам од каде сте; отстапете од Мене сите што вршите неправда!‘
2816,22; Мт 8,11-12Таму ќе настане плач и шкрипење со заби, кога ќе го видите Авраам, Исак и Јаков и сите пророци во царството Божјо, а себе – истерани надвор.
2914,15-24; 22,16.18.30; Ис 2,2-5; 25,6-8; 66,18-21; Пс 106,3И ќе дојдат од исток и запад, и север и југ, и ќе седнат на трпезата во царството Божјо.
30Мт 19,30; 20,16; Мк 10,31И така, има последни што ќе бидат први, а има и први што ќе бидат последни.“
Исус и Ерусалим(Мт 23,37-39)31 14,1 Во тој ден пристапија некои фарисеи и Му рекоа: „Излези и оди си одовде, зашто Ирод сака да Те убие!“
32И им рече: „Одете и кажете ѝ на таа лисица: еве, истерувам демони и исцелувам денес и утре – а на третиот ден ќе завршам;
332,38; Мт 16,14но Јас треба да врвам денес, утре и задутре, бидејќи не може пророк да загине надвор од Ерусалим.
34Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и ги каменуваш пратените кај тебе. Колкупати сакав да ги соберам чедата твои како што квачка ги собира пилињата свои под крилја, но не сакавте.
3519,38; 21,6; Ер 7,1-15.26; 12,7; 22,5; Ез 8–11; Мих 3,12; Пс 68,25; 117,26; Мт 21,9И ете, ви се остава пуст вашиот дом. И Јас ви велам дека нема да Ме видите сѐ додека не дојде времето да кажете: ‚Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово!‘“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.