Езекил 21 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Против југот

1И дојде слово Господово до мене:

2„Сине човечки, сврти го лицето свое кон Ерусалим и кажи слово против све­тилиштата, изречи пророштво против земјата израилска.

3И кажи ѝ на земјата израилска – ва­ка вели Господ Бог: еве, Јас сум против тебе, и ќе го извадам Мојот меч од нож­ницата негова и ќе истребам кај тебе праведник и грешник.

411,8; Ер 12,12А за да истребам кај тебе праведник и грешник, Мојот меч ќе излезе од нож­ницата своја против секое тело од југ до север.

5И секое тело ќе разбере дека Јас, Господ, сум го извлекол Мојот меч од ножницата негова, и тој нема веќе да се врати.

Божјиот меч

6А ти, сине човечки, плачи како да ти се бедрата прекршени и офкај пред очи­те нивни.

7Ис 22,4А кога ќе те прашаат: ‚зошто оф­каш‘, кажи: ‚поради гласот што доаѓа‘, – од кој ќе замре секое срце и сите раце ќе малаксаат, и секој дух ќе се нажали, и сите колена ќе затреперат како вода. Ете, тоа ќе дојде и ќе се случи“, вели Господ Бог.

87,17; Ис 13,7И дојде слово Господово до мене:

9„Сине човечки, изречи пророштво и кажи – вака вели Господ Бог: кажи – меч, мечот е наострен и светнат.

10Наострен за да коле повеќе; светнат за да болска како светкавица. Да се ра­дуваме ли дека жезолот на Мојот син го презира секое дрво?

11Наредив да го светнат, за да го зе­мам в рака; веќе е наострен тој меч и светнат, за да го дадам во раката на уби­ецот.

12Стенкај и плачи, сине човечки, за тоа што е тој против Мојот народ, против сите кнезови израилски: сите тие ќе бидат со Мојот народ предадени на меч – затоа удирај се по бедрата.

13Бидејќи тој е веќе испробан. Па што, ако тој го презира и жезолот? Тој нема да устои“, вели Господ Бог.

14А ти, сине човечки, пророкувај и плескај со рацете – и мечот ќе се удвои и ќе се утрои, мечот за поразените, ме­чот за пораз на големиот меч, кој про­никнува во внатрешноста на нивните живеалишта.

15За да се стопат срцата и за да бидат паднати повеќе, Јас пред сите нивни порти ќе поставам страшен меч, кој ќе болска како светкавица, наострен за клање.

16Приготви се, мечу, и нападни и дес­но и лево и онаму каде што ќе ти се свр­ти сечилото.

17А Јас ќе ракоплескам и ќе го стивнам гневот Свој; Јас, Господ, го кажав тоа.

Мечот на Вавилон

18И дојде слово Господово до мене:

19„А ти, сине човечки, размисли за две патеки по кои треба да мине мечот на царот вавилонски – и двете патеки треба да излезат од една земја, па нацртај рака, нацртај кај раскрсницата на патиштата за градовите.

20Претстави го патот, по кој треба да мине мечот во Рава на синовите Амо­но­ви и во Јудеја, во утврдениот град Еру­салим,

21зашто вавилонскиот цар застана на крстопатот, при почетокот на двете па­теки за да претскажува: ги прегледува стрелите, ги прашува идолите, гледа на црн дроб.

22Во неговата десна рака прет­ска­жу­вањето е: ‚Во Ерусалим‘, каде што тре­ба да постави убојни справи, да ја отво­ри устата за сечење, да го подигне гла­сот за боен повик, да ги дотера маши­ни­те до портите, да насипе опкоп, да изгради опсадни кули.

233 Мојс 26,21.24Тоа вражање ним ќе им се види лажно; но, бидејќи се беа заколнале со клетва, тој, ќе ги потсети на нивното вероломство, во кое тие се уловија.“

24Затоа, вака вели Господ Бог: „Би­дејќи вие самите го спомнувате вашето беззаконие, правејќи ги вашите прес­та­пи јавно и покажувајќи ги вашите гре­вови во делата свои, и самите го спомнувате тоа, затоа вие ќе бидете фатени од нив.

252 Сол 2,8А ти, недостоен, престапни водачу Израилев, тебе денес ти дојде денот, време на конечната казна.“

26Така вели Господ Бог: „Симни ја од себе круната и извади го венецот, и веќе не ќе го имаш; понизеното ќе се издиг­не, а високото ќе се снизи.

2717,24Ќе го уништам, ќе го уништам, ќе го уништам – и нема веќе да го има, сѐ додека, не дојде Оној, Кому тој Му при­паѓа, и Нему ќе му го дадам.“

Меч за Амонците

28 1 Мојс 49,10 А ти, сине човечки, изречи про­рош­тво и кажи – вака вели Господ Бог, за синовите Амонови и за нивната хула, па кажи: „Мечот, изваден е за клање, светнат за истребување, за да болска како светкавица,

2925,1-7па, додека ти кажуваат суетни ви­де­нија и лажливо гатаат за тебе, тие те ставаат кај обезглавените грешници, чиј ден дојде, конечниот суд.

30Да го вратам ли во ножницата негова? На местото, каде што си ти созда­ден, на земјата, од каде што си произлегол, ќе ти судам –

31и ќе го излеам врз тебе Мојот гнев, ќе дувнам врз тебе со огнот на јароста Своја и ќе те предадам во рацете на лу­ѓе свирепи, вешти во убивање.

32Ти ќе му станеш храна на огнот, твојата крв ќе остане на земјата; нема да се сеќаваат за тебе; зашто Јас, Гос­под, го кажав тоа.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help