1 Тимотеј 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Молитва за луѓето на власт

1 Ефес 6,18; Фил 4,6 Молам, пред сѐ, да се прават про­сби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе:

2Рим 13,1-7; Тит 3,1за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен жи­вот во потполна побожност и достоинство.

31 Птр 3,9Тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бог,

4Ез 18,23; Јн 8,32Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.

5Рим 3,29.30; 1 Кор 8,6; Евр 8,6; 9,15; 12,24Зашто еден е Бог и еден е Пос­ред­ник меѓу Бога и луѓето – Човекот Христос Исус,

6Мт 20,28; 2 Кор 5,15; Гал 1,4; Ефес 5,2; Тит 2,14Кој се даде Себе како откуп за сите – а тоа се посведочи во свое време;

71,11; Дела 9,15; Гал 2,7-8; 2 Тим 1,11па затоа сум поставен како про­по­ведник и апостол – зборувам вистина во Христос, не лажам – како учител на незнабошците во верата и вистината.

За мажите и жените

8Мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи чисти раце без гнев и расправии.

9Ис 3,16; 1 Птр 3,2-4Исто така и жените, облечени пристојно, со срамежливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, со бисери, или со скапоцени облеки,

105,10туку со добри дела, како што им прилега на жени што ѝ се посветуваат на побожноста.

111 Мојс 3,16; 1 Кор 14,34-35Жената нека прима поука во мир и потполна потчинетост.

121 Кор 11,3На жената не ѝ допуштам да по­учува, ниту да господари над мажот, ту­ку да биде мирна.

131 Мојс 2,18-24; 1 Кор 11,8-9Бидејќи најпрвин беше создаден Адам, а потоа Ева;

141 Мојс 3,6; 2 Кор 11,3и Адам не беше измамен, туку же­ната беше измамена и направи престап.

151 Кор 13,13Но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со разборитост.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help