Дела 28 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Павле на островот Мелит

1 .

2А мештаните ни укажаа необична човекољубивост: нѐ примија сите и, би­дејќи врнеше дожд, беше студено, та накладоа оган.

3А кога Павле насобра многу гранки и ги стави на огнот, една змија излезе од гранките поради горештината и се впи во неговата рака.

4Мештаните, штом го видоа животното како виси на неговата рака, меѓу себе си рекоа: „Овој човек е навистина убиец; па затоа, иако се избави од морето, судот Божји не го остави да живее.“

5Мк 16,18Но тој ја истресе змијата во огнот и ништо лошо не му стана.

614,11А тие очекуваа да се појави оток, или, пак, веднаш да падне мртов; но, би­дејќи чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го про­ме­нија мислењето и велеа дека е тој бог.

716,15; 28,14Околу тоа место се наоѓаа имотите на началникот на островот, по име Поп­лиј. Тој нѐ прими и три дни пријателски нѐ гоштеваше.

8Лк 4,38; Јк 5,14А таткото на Поплиј се разболе и лежеше, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе кај него, се помоли и, положувајќи ги рацете свои врз него, го исцели.

95,15-16; 8,7Тогаш, и другите од островот, што страдаа од болести, доаѓаа и се исцелуваа.

10Тие нѐ почитуваа многу и нѐ удостоија со големи почести, а пред замину­ва­ње нѐ снабдија со сите потребни работи.

Павле пристигнува во Рим

11По три месеци отпловивме со еден александриски кораб, што беше прези­мил на тој остров и носеше знак Диос­­кури.

12И стигнавме во Сиракуза, каде што останавме три дена.

13Оттаму отпловивме и пристигнавме во Ригија; а по еден ден дувна југот и на идниот ден стасавме во Потиоли;

1420,6; 21,4таму најдовме браќа, по чија молба кај нив останавме седум дена. И потоа тргнавме за Рим.

15Тамошните браќа, штом чуја за нас, излегоа да нѐ пресретнат до Апиевиот плоштад и до Трите крчми. Кога ги ви­де Павле, Му заблагодари на Бога и се ободри.

1624,23; 28,30Штом стигнавме во Рим стотникот му ги предаде затворениците на војводата, на Павле му беше допуштено да живее одделно, но под стража на еден војник.

Павле проповеда во Рим

17 21,33; 22,24; 25,8 По три дни Павле ги повика пр­вен­ците јудејски и кога се собраа, тој им зборуваше: „Мажи браќа, иако не нап­равив ништо против народот или тат­ковските обичаи, од Ерусалим ме пре­дадоа окован во рацете на Римјаните.

1826,32И, откако ме судеа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене не најдоа никаква вина што заслужува смрт;

1925,11-12.21-25но, бидејќи Јудејците се противеа, бев принуден да барам суд пред царот; но не за тоа да го обвинувам во нешто својот народ.

20Поради тоа и ве повикав да се ви­ди­ме и да позборуваме; зашто заради на­дежта на Израил сум окован во овие ланци.“

21А тие му одговорија: „Ние ниту писма сме добиле за тебе од Јудеја, ни­ту, некој од браќата дошол да нѐ извес­ти или нешто лошо да каже за тебе.

22Но ние сакаме да чуеме од тебе лично што мислиш ти за тоа; зашто познато ни е дека на тоа учење насекаде се противречи.“

2320,25; 28,31И откако му определија ден, големо мноштво дојде во неговото определено живеалиште, и тој од утрото до вечерта со докази им го изложуваше учењето за царството Божјо и ги уверуваше за Исус и од Законот Мојсеев и од Проро­ците.

2417,2.11Едни се убедија од зборовите не­гови, а други не поверуваа.

2523,7; Лк 24,27.44Бидејќи беа несложни меѓу себе, тие почнаа да се разотидуваат; и во тоа време Павле им ги кажа овие зборови: „Добро им рекол Духот Свети на тат­ковците ваши преку пророкот Исаија, велејќи:

26Ис 6,9-10; Мт 13,14-15‚Оди и кажи му на овој народ: со уши ќе чуете, и нема да разберете, со очи ќе гледате, и нема да видите,

27зашто срцето на овие луѓе закораве­ло, та со ушите мачно слушаат, а очите свои ги затвориле, па некако со очите да не видат и со ушите да не чујат, и со срцето да не разберат, и да не се об­ратат, за да ги исцелам.‘

2813,46; 18,6И така, нека ви биде познато дека спасението од Бога им е испратено на незнабошците, тие и ќе чујат.“

29Кога го рече тоа, Јудејците се разо­тидоа со голема препирка меѓу себе.

3028,23Павле остана таму цели две години во посебно најмена куќа и ги примаше сите, што доаѓаа кај него,

3119,8; 20,25; 28,23проповедајќи го царството Божјо и учејќи за Господа Исуса Христа наполно слободно, и никој во тоа не го спре­чу­ва­ше.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help