Јудита 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Молитвата на Јудита

1 2 Мојс 30,8; Дан 9,3 Тогаш Јудита падна ничкум, си ја посипа главата со пепел и го фрли вреќиштето од себеси што го носеше. И токму тогаш, кога во Ерусалим, во до­мот на Господ, кадеа со вечерен темјан, таа, пак, извика со висок глас кон Гос­под и рече:

21 Мојс 34,7; 2 Мојс 15,2„Господи, Боже на мојот татко Си­меон, чија рака Ти ја вооружи со меч да им се одмазди на туѓинците, кои заради срам беа соблекле една девојка, ѝ ги разголија бедрата и ја осквернија утро­ба­та нејзина за срам. Ти рече дека тоа не смеат да го направат, но сепак тие го направија.

32 Мојс 12,29; Ис 24,2; Мудр 18,11Затоа ги предаде нивните кнезови да бидат заклани. Постелата нивна што ја виде измамата нивна – ја облеа со крв. Ти удри по робовите и господарите; уд­ри по владетелите на нивните престоли.

4Нивните жени на грабеж ги предаде и ќерките во ропство, а сиот грабеж им го даде на синовите возљубени од Тебе, кои ревнуваа со Твојата ревност, се од­вратија од нечистотијата на нивната крв и на помош Тебе Те повикаа. О, Боже, Боже мој, послушај ме мене, вдовицата!

5Ис 46,10; 48,3; Пс 32,11Ти си го направил и она што беше пред тоа, а на ум го имаш и сегашното и идното; што си намислил – тоа и ста­нува.

6Варух 3,35Тоа што си го намислил, тоа и се ја­вува, велејќи: ‚Еве, ме!‘ Сите Твои патишта се подготвени, а Твоите одлуки се предвидени од Тебе.

71 Цар 17,45; 4 Цар 19,23-24; Пс 19,7; 2 Мак 8,18Еве, Асирците се намножија во својата сила, се гордеат со своите коњи и со коњаниците, се гордеат со силните раце на пешаците; се надеваат на шти­тот, копјето, лакот и праќата, а не знаат дека Ти си Господ, Кој ги уништува војните.

82 Мојс 15,3; Авак 3,12; Пс 78,1; 2 Мак 14,33Името Твое е Господ. Скрши им ја нивната сила со Твојата моќ, уништи ја нивната сила со гневот Твој, зашто наумија да го осквернат Твоето свети­лиш­те, да се подбијат со мирното живе­а­лиште, каде живее Твоето преславно име: со железо да го скршат рогот на Твојот жртвеник.

92 Мојс 15,7; Ис 10,12Види ја нивната надуеност, а гневот Твој прати го врз нивните глави, а на мојата вдовичка рака дај ѝ сила да го направам она што сум го намислила.

1013,15; 14,18; 16,5; Суд 4,9.17-22; 9,53-54Со устата на мојата итрина порази го слугата заедно со водачот, а водачот заедно со неговиот слуга. Скрши ја нивната гордост со раката на една жена.

111 Цар 14,6; 1 Мак 3,18Зашто Твојата сила не е во множес­твото, ниту во моќните е Твојата моќ; Ти си Бог на понизните. Ти си помош­ник на безначајните, застапник на не­моќните, покровител – на напуштените и спасител на безнадежните.

12Пс 102,19; Неем 9,6Боже на мојот татко, Боже на нас­ледството Израилево, Господаре на не­бото и на земјата, Создателе на водите, Царе на секое Твое создание! Послушај ја молитвата моја!

13Зборот мој, и итрината моја, на­пра­ви ги рана за оние што намислиле стра­во­тии против Твојот завет, против Тво­јот свет дом, против Сион и против до­мот на Твоите синови.

143 Цар 18,37; 4 Цар 19,19; 1 Мак 4,11Вразуми го сиот Твој народ и секое племе за да видат дека Ти си Бог, Бог на секаква сила и крепост и дека Израил нема друг заштитник освен Тебе.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help