1 1 Кор 15,33 Кој катран допира, од него ќе се извалка; кој со горделиви се дружи, ќе стане како нив.
2Не подигнувај тежина поголема од твоите сили и не другарувај со посилен и побогат од тебе.
3Изреки 18,24Што заедничко има меѓу грне и котел? Котелот ќе го турне и тоа ќе се скрши.
4Богатиот навредил, и пак тој се заканува; сиромавиот навреден и пак тој се моли.
5Ако си му од корист, тој ќе те користи; кога, пак, осиромашиш – тој ќе те остави.
6Ако си богат, ќе живее со тебе; ќе те ограби и нема да те сожали.
7Изреки 23,1-3Кога си му потребен, тој ќе ти ласка, ќе ти се насмевнува и надеж ќе ти дава; зборови слатки ќе ти зборува и ќе те прашува: „Ти треба ли нешто?“
8Со гозбите свои тој ќе те посрами сѐ додека трипати не те ограби и најпосле не се подбие со тебе.
9А потоа, кога ќе те сретне, ќе бега од тебе, глава ќе свртува – кога ќе те види.
10Лк 14,7-9Внимавај да не бидеш измамен и
11понижен во твојата радост.
12Те кани ли силен, бегај од него – и уште повеќе ќе те кани.
13Не натрапувај се, за да не бидеш отфрлен и не стој многу настрана, за да не те заборават.
14Не говори со него како со еднаков, не верувај му на неговите многу зборови; во долгиот разговор ќе те искушува, и божем шегувајќи се, ќе те испитува.
15Немилосрден кон себеси е оној што не се воздржува од своите зборови; тој нема да се запази ни од навреди ниту од вериги.
16Пази се и биди внимателен, бидејќи со својата гибел чекориш.
17Ис 11,6; Мт 10,16; Лк 10,3Го чуеш ли тоа во сонот свој, не заспивај.
18Љуби Го Господа додека си жив и викај кон Него – за да се спасиш.
Богатите и сиромашните19 Јов 24,1-11; Јк 2,6; 5,4.6 Секое создание родот свој го сака, а човекот – ближниот свој.
20Секоја плот со родот свој се соединува и човекот се прилепува кон сличните на себе.
21Изреки 19,4.7Има ли дружба меѓу јагне и волк? Затоа и побожниот не другарува со грешник.
22Изреки 14,20; Проп 9,15-16Можен ли е мир меѓу хиена и куче? И има ли мир меѓу богат и сиромав?
23Ис 14,14; Пс 35,5; 57,11; Јов 12,5; 20,6; 29,9-10.21Дивите магариња во пустината за лавовите се плен, а сиромасите за богатите.
24Мт 13,22; Мк 10,23-24На горделивиот понизноста му е одвратна; и сиромавиот на богатиот му е одвратен.
25Изреки 15,13Кога богат се сопнува, пријатели го придржуваат; а кога сиромавиот паѓа и пријателите го оставаат.
26Проп 8,1; 12,12Кога богат во заблуда падне, многу помошници има; ако и глупост рече, не го прекоруваат.
27А падне ли сиромав, се подбиваат со него; каже ли нешто разумно, не го ни слушаат.
28Кога богат говори, сите молкнуваат; зборовите негови до небо ги фалат.
29А кога сиромав говори, сите се прашуваат: „А кој е овој.“ Ако се сопне, сосем го турнуваат.
30Добро е она богатство во кое грев нема; сиромаштијата е лоша во устата на безбожниот.
31Срцето на човекот му го менува лицето: или на добро или на лошо.
32Веселото лице е знак на честито срце; измислување мудри изреки – бара труд.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.