1На тоа одговори Јов и рече:
2„До кога ќе ја мачите душата моја? До кога ќе ме измачувате со зборови?
31 Мојс 31,7.41; 4 Мојс 14,22; Неем 4,7Ете, веќе десетпати ме посрамувате, и нели ви е срам да ме измачувате?
4Изреки 9,12Ако и навистина сум згрешил, грешката моја останува за мене.
5Гал 6,5Ако, пак, сакате да се величате над мене и да ме прекорувате со мојот срам,
618,8; 22,10знајте дека Бог ме собори и со мрежата Своја ме обвитка.
7Плач 3,7-9Ете, јас викам: – ‚Неправда!‘ – и никој не слуша; врескам, и правда нема.
822,11Тој ми го загради патот, и не можам да минам; врз патеките мои спушти мрак.
929,14Ја соблече од мене славата моја и го симна венецот од мојата глава.
1014,7; 17,15Од сите страни ме сосипува, и јас умирам, и како дрво ја истргнува надежта моја.
1133,10Го разгори гневот Свој против мене и ме вброи меѓу непријателите Свои.
12Војските Негови дојдоа заедно, се упатија кон мене и се сместија околу шаторот мој.
13Пс 37,11; 68,9; 87,8.18 Браќата мои Тој ги оддалечи од мене; и оние што ме познаваат, бегаат од мене.
14Ме напуштија блиските мои и познатите ме заборавија.
156,14Дојденците во куќата моја и слугинките мои ме сметаат за туѓ; туѓинец станав во нивните очи.
16Го викам слугата свој, и тој не се одѕива; со устата своја треба да го молам.
17Здивот мој ѝ е одвратен на жената моја, и милувањата мои на родените синови мои.
1830,1Дури и малите деца ме презираат; кога станувам, тие се подигруваат со мене.
19Пс 40,9; 54,14; Сир 6,8; Јн 13,18Од мене се гнасат најверните мои пријатели; и оние што ги сакав, – се свртеа против мене.
207,5; 33,21Веќе немам ништо освен кожата врз коските мои; во несреќата изгубив сѐ.
21Смилувајте се, смилувајте се над мене, пријатели мои, – зашто раката Божја се допре до мене.
22Пс 26,2Зошто ме гоните и вие како Бог, и со плотта моја не можете да се наситите!?
2331,35О, да беа зборовите мои напишани! Да беа ставени на книга!
24Со железно длето и со олово, – да беа на вечни времиња врз камен издлабени!
2516,19; Ис 44,6; Пс 11,5Но јас знам: Заштитникот мој е жив; Тој го има последниот збор на оваа земја.
2633,25И кога ќе се распадне кожата моја, во телото мое ќе Го видам Бога.
2733,26Јас сам ќе Го видам; моите очи, не очите на друг, ќе Го видат Него. Срцето ми се топи во градите мои!
28Вие требаше да кажете: – зошто го гониме! – Како да е коренот на злото најден во мене.
2927,11Плашете се од мечот, зашто мечот се одмаздува за неправда; и знајте дека има правда.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.