Варух Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ВоведКнигата Варух се смета за дело на соработникот на пророкот Еремија кој го носи истото име (почеток на 6 в. пр. Христос), меѓутоа, конечната редакција на книгата е извршена не порано од 2 в. пр. Христос. Нејзината атрибуција како дело на Варух е литературна постапка, која често се појавува во таа епоха.Делото е составено од четири одделни тематски целини кои, по сѐ изгледа, не се пишувани од ист писател:Јудеите од Вавилон им се обраќаат на Јудеите во Ерусалим.Вовед, во кој се прецизира под какви услови оваа книга, испратена до прогонетите Јудејци во Вавилон, требало да се прочита во Ерусалим за време на една церемонија за исповедување на гревовите (1,1-14).Самиот текст на оваа исповед на гревовите (1,15–2,10), инспирирана од оној во Дан. 9; потоа следува една молба, искитена со бројни библиски цитати.Размислување во врска со мудроста (3,9–4,4).На крајот е поместен охрабрувачки говор упатен кон Ерусалим (4,5–5,9).
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help